Вработен во Агенцијата за обезбедување пријавил дека синоќа вработените во бензиска пумпа во Скопје биле вознемирувани од машко лице кое во рацете држело нож и сукало и кон нив упатувало пцовки, закани и навреди.
Полицијата утврдила дека се работи за 28 годишен маж од Скопје, кој бил задржан во Полициска станица Кисела Вода. Се работи на расчистување на случајот.