Маж загриза iPhone, а тој му експлодираше во лице
Видеото кое брзо стана вирален хит покажува како маж во продавница за електронска опрема пробува да провери дали изложениот iPhone е автентичен со тоа што го загризува телефонот. Телефонот му експлодираше во лице, дали тоа значи дека iPhone-от е копија?
Според информациите понудени од Taiwan News, мажот отишол во продавницата за да си купи резервна батерија за неговиот iPhone. За да се увери дека батеријата е онаа која сака да ја купи, решил да ја гризне, што во истата секунда предизвикало експлозија.
Иако батеријата му експлодираше во лице, никој од присутните не беше повреден.