На секоја десетта жена сексот ѝ е помалку привлечен, а секоја четврта има проблеми да доживее оргазам, покажува новото истражување спроведено на Универзитетот во Лондон.
Интересот на жената за секс сè повеќе опаѓа поради преголемите барања на партнерот, децата и работните обврски. Во истражувањето на докторката Кетрин Мерсер учествувале 11.000 Британки на возраст меѓу 16 и 44 години. Крајниот заклучок е дека мажените жени имаат многу повеќе сексуални проблеми во однос на жените и мажите кои не се постојано во врска.
Паровите во просек имаат четири сексуални односи месечно. Жените најчесто сметаат дека овие проблеми со воочливи кога имаат дете помало од 5 години.
„Тоа е сосем логично, со оглед на недостатокот на сон. Грижата за децата и семејството е потешко за жените отколку за мажите, кои имаат 10 пати повисоко ниво на тестостерон во споредба со женските хормони. Никој не е подготвен отворено да зборува на оваа тема. Дури 44% од жените и 35% од мажите имаат проблеми на сексуално поле, а само 11% од мажите и 21% од жените се подготени да побараат стручна помош“, вели докторката Мерсер.