Мажите кои ги прават овие 5 работи имаат најсреќни жени

Кога сопругата сака нешто да ви каже, фокусирајте се на тоа што го зборува. Оставете го настрана мобилниот, исклучете го телевизорот, заборавете на работата. Слушајте внимателно и бракот ќе ви биде посреќен, советуваат експерти.

Слушајте што ви зборува

Приоритетите во комуникација се исклучително важни за бракот или љубовната врска.

„Важно е редовно да комуницирате како брачна двојка.  Многу сопруги пронаоѓаат неверојатна радост во фактот дека биле сослушани“, вели клиничкиот психолог д-р Карла Мари Менли.

Додава дека тоа не значи дека во сѐ треба да се сложувате со жената, но самото тоа што сте ја сослушале ѝ значи многу, повеќе ќе се поврзете како пар. Кога сопругата сака нешто да ви каже, фокусирајте се на неа и на тоа што го зборува.

Бидете внимателни кон работите кои ги сака

Жената е многу среќна кога гледа дека партнерот се грижи за работи кои за неа се важни.

„Сопругите се чувствуваат длабоко сакани кога мажите обрнуваат внимание на работи кои ги сакаат и кои ги прават среќни. На пример, кога наутро ќе им сварат кафе или кога минуваат покрај омилената пекара па го купуваат нејзиното омилено печиво“, објаснува д-р Менли.

Тоа се ситни работи кои можат да внесат многу среќа во заедничкиот живот. И секако, не заборавајте да ѝ кажете колку ја сакате. Исто така, давајте ѝ. поддршка да ужива во нејзините хоби активности, немојте да се потсмевате со нив или да ја исмејувате.

Многу допири и прегратки

На жените ова им е особено важно. Тие физичките допири ги поврзуваат со тоа дали се сакани или не.

„Истражувањата покажаа дека физичката интимност и допирите играат пресуда улога во заштита од стрес во љубовната врска. Посреќни се во брак оние партнери кои се повеќе склони на свесен физички допир, а тоа делува како механизам за намалување на нивото на кортизол во телото“, објаснува психологот.

„Ако вашата сопруга сака да ја допирате, прегрнувате или милувате, правете го тоа почесто“, додава д-р Менли.

Бидете позаинтересиран за неа

„Прашајте ја како ѝ минал денот, слушајте што ви одговара и прашајте ја за тоа. Важно е и двајцата во врската да ја почувствуваат и слушнат другата страна. Ако знаете дека нешто ја мачи, прашајте ја за тоа дури и ако станува збор за нешто кое не ви е интересно за слушање или во вас буди негативни емоции“, советува д-р Менли.

Ваквите работи покажуваат дека се грижите за неа и нејзините чувства, а тоа е многу важно за среќен брак. Исто така, следете ги нејзините емоции и не форсирајте разговор ако ѝ треба малку мир и тишина.

Грижете се за себе

Ова е исклучително важно за среќна врска, двајцата партнери мора да се грижат за себе за да ги земат во обѕир туѓите потреби и среќа.

„Не може нешто да наточите од празна чаша. Ако се изгореле или сте оптоварени со работи кои треба да ги направите, тогаш не можете да водите грижа за себе и другите. Потребно е да преземете нешто“, советува психологот.

Во тој случај и двајцата партнери треба да пронајдат време за себе и добро да се одморат, да се наполнат со позитивна енергија. Таквите бракови обично се посреќни и полни со љубов, пишува Mind Body Green.

реклама

Три уреди во домот што никогаш не треба да се исклучуваат од струја

Read more

Откриена најголемата змија што некогаш живеела на Земјата

Read more

Полната Месечина во Скорпија на 24 април ќе направи хаос

Read more

Научници открија која храна го зголемува ризикот од рак

Read more

Љубов и секс

3 најлоши постапки што можете да ги направите ако дознаете дека партнерот ве изневерил

Read more

Што ако мастурбирaњето ви буди чувство на непријатност?

Read more

Психолог предупредува на 6 збора што може да ја уништат врската

Read more

Дали сексот во врска навистина е подобар?

Read more
 

Магазин

Посипете маслиново масло врз ловоров лист и ќе се изненадите колку е моќен

Читај повеќе

Граѓаните на ЕУ повеќе претпочитаат печатени отколку електронски книги

Читај повеќе

3 најлоши постапки што можете да ги направите ако дознаете дека партнерот ве изневерил

Читај повеќе

Совет здравје вреден: Како да разликувате рециклиран убрус од направен од чиста целулоза?

Читај повеќе

Дали би платиле 2.000 евра за Лагото Ромањоло – куче кое наоѓа тартуфи?

Читај повеќе
  • play_arrow
  • filter

„Село на духови“ кое стана популарна туристичка атракција

Читај повеќе

Што ако мастурбирaњето ви буди чувство на непријатност?

Читај повеќе

Зошто корпите за алишта имаат дупки?

Читај повеќе

Домашни природни лекови против стомачни проблеми

Читај повеќе