Љубов и секс

Мажите откриваат што највеќе ги нервира кај пријателството со бенефиции

20. март 2017 - 14:02 | Кајгана

Пријателството со бенефиции е прилично едноставен концепт - секс без обврски, без емоции и без драми. Но, доколку договорот тргне во таа насока, работите често се комплицираат, а тоа најчесто го прават жените. Што велат мажите дека им пречи во ваква ситуација?

„Ми пречи кога жена очигледно се обидува тоа да го претвори во врска. Доколку договорот е да нема компликации и чувства, тогаш ги нема, а понекогаш ми се чини дека жените само се согласуваат на пријателство со бенефиции во надеж дека ќе го убедат мажот да им стане дечко” - Иван, 27.

„Имав една пријателка со бенефиции која секогаш после сексот сакаше да преспие кај мене, а јас не го сакав тоа. Секогаш се обидував суптилно да најдам изговор да не се случи тоа, што беше непријатно и за мене и за неа” - Марин, 25.

„Знам дека тоа е пријателство со бенефиции, но не поднесувам кога девојката со која сум во таков однос има потреба да ми праќа пораки наредниот ден и со секоја постапка да ми дава чувство како да сме во врска. не сме во врска, тоа е само секс” - Никола, 25.

„Една моја поранешна пријателка со бенефиции беше прилично кул… се додека еден ден не се сретнавме надвор. Се однесуваше како да ми е девојка и имаше љубоморен испад пред моите пријатели” - Влатко, 30.

Коментирај