Онлајн страницата за запознавање Encounters спроведе истражување на 2.000 мажи и откри интересен податок.
Како што покажува статистиката, мажите со поголеми стапала се двојно почесто склони кон неверство.
„Мажите со поголеми стапала главно се повисоки, па привлекуваат повеќе внимание“, смета Џесика Леони од компанијата.
Истражувањето исто така се доведува до поврзаност и со различни славни личности кои се фатени во неверство, како Бил Клинтон, Тајгер Вудс, Хју Грант, сите носат чевли број 45 и поголеми.
Интересно е што истото не може да се каже за жените кои извршиле неверство. Од 1.000 жени кои учествувале во студијата, не е најдена поврзаност меѓу големи стапала и неверство.