Мажите споделуваат: Три најчести причини зошто се „оладиле“ кон партнерката

Почетоците на врските и браковите се спонтани, забавни, сѐ се одвива глатко, возбудата е на високо ниво, очекувањата уште повисоко. Но, врските, а особено брачните, бараат постојана работа, вложување, компромиси и прифаќање.

Се менуваат партнерите, а со тоа се менува и врската. Тоа не мора да е задолжително лошо, но за некои промени не сме свесни, а уште помалку сме свесни дека водат на лошо. 

Сексуалниот живот не е исклучок.

Од машки аспект, има неколку причини зошто се „оладиле“ кон нивните партнерки, односно неколку типови на однесување што дале придонес да се оддалечат.

Ова се трите најчести причини, пренесени во прво лице:

Сексот стана еден вид обврска

Како што минува годините во брак, сѐ поретко водевме љубов. Понекогаш имавме закажани, задолжителни секс-термини, на пример за роденден или за годишнина. Во сексуалниот живот сепак треба да има спонтаност и страст. Кога ќе се изгуби тоа, се губи и волјата за секс. Сакате да се чувствувате посакувано, а не како секс машина што задоволува потреба или обврска.

Никогаш не беше расположена

Откако се роди второто дете, сопругата потполно престана да сака секс. Едноставно, никогаш не беше расположена. Мене никогаш не ми пречеле ни некој килограм вишок, ни ако малку се запуштила, ама нејзе пак воопшто не ѝ беше дојдено до тоа. Кога многу пати ќе бидеш одбиен, почнува и тебе да ти се губи желбата.

Сексот стана едноличен, за фантазии и да не зборуваме

Со тек на време се намалуваше ентузијазмот, динамиката, енергијата за време на сексот. По некое време прекинуваат секси игрите и експериментирањето. Истите неколку пози. На крај само една. За сексуални фантазии ич не станува збор. Сексот стана рутина, наместо да се продлабочи интимноста меѓу нас.

реклама

10 вежби за слабеење кои секој може да ги прави дома

Read more

Сенатот го поддржа Трамп: Едногласно гласаше за забрана на TikTok

Read more

КОВИД умор: Дали и вам ви е смачено од пандемијата?

Read more

200 нови случаи на коронавирус од 1.828 тестирања

Read more

Љубов и секс

Пет грешки во сексот поради кои изгледате како почетник

Read more

Како мастурбацијата влијае на здравјето?

Read more

Пет работи што мажот ги прави за време на секс, а кои покажуваат дека те сака

Read more

Колку би требало да трае сексуалниот однос?

Read more

Магазин

  • play_arrow

Направете сами: Здрави летни коктели за разладување

Читај повеќе
  • play_arrow

10 вежби за слабеење кои секој може да ги прави дома

Читај повеќе

„Татко ми без размислување го даруваше неговиот бубрег за да го спаси мојот живот“

Читај повеќе

КОВИД умор: Дали и вам ви е смачено од пандемијата?

Читај повеќе
  • play_arrow

Десерт на денот: Суфле палачинки

Читај повеќе

Медицинско чудо: Бебе во „водена обвивка“ се роди на ГАК

Читај повеќе
  • filter

Поглед во луксузниот дом на Џенифер Лоренс, вреден 10 милиони долари

Читај повеќе
  • filter

Virgin Galactic и Rolls Royce претставија надзвучен авион

Читај повеќе

Хороскопски знаци кои најлесно ги освојуваат женските срца

Читај повеќе