Фудбал

Мбапе донираше пари за наоѓање на пилотот на Сала

11. февруари 2019 - 8:48 | МИА

Фудбалерот на Пари Сен Жермен, Килијан Мбапе донираше 27.000 фунти како помош во потрагата по пилотот Дејвид Ајботсон кој исчезна по падот на неговиот авион во Англискиот канал вечерта на 21 јануари кога загина фудбалерот Емилијано Сала.

Ајботсон и Сала патуваа од Нант кон Кардиф кога авионот исчезна од радарските екрани.

По завршување на неуспешната акцијата за пребарување од страна на надлежните служби, семејството на Сала побара приватна истрага за која беа собрани пари од роднини и пријатели, остатоци од авионот заедно со телото на аргентинскиот фудбалер беа пронајдени на дното на Ла Манш.

Телото на пилотот уште не е најдено, па неговото семејство, слично како на Сала, почна хуманитарна акција за собирање средства за приватна потрага.

Целта е 300.000 фунти, а досега се собрани половина од нив. Во акцијата учествувале околу седум илјади донатори, меѓу нив и ѕвездата на ПСЖ и на францускиот фудбал, Мбапе.

Коментирај