Реал Мадрид синоќа во 21. коло од шпанската Ла Лига победи со 3:0 на гостувањето кај Ваљадолид, а сите три гола за „Кралевите“ ги постигна Килјан Мбапе.
Французинот го постигна првиот гол по половина час игра кога одлично комбинираше со Џуд Белингам, а потоа од непосредна близина го погоди спротивниот агол на естонскиот голман Карл Хеин.
Втор гол го постигна во 57. минута од контранапад кога Родригу наиде на налетот на Французинот кој се префрли на десната нога и повторно погоди во спротивниот агол.
Во последните секунди од натпреварот, Мбапе реализираше и пенал, со што го оствари својот прв хет-трик во дресот на Реал.
Така, расположениот Французин со новите три гола стигна до 22 гола за Реал оваа сезона.
Инаку, Реал со оваа победа ја зголеми предноста во однос на второпласираниот Атлетико на четири бода, додека Барселона со натпревар помалку веќе заостанува 10 бодови.