Мбапе има 67 дена да го стигне рекордот на „Феноменот“ Роналдо

Порталот Squawka специјализиран за фудбалски статистики и анализи, денеска ја објави листата на најголемите вундеркинд појави во последниве 20 години, според нивниот голгетерски учинок на тинејџерски години.

Повод за актуелизирањето на оваа листа е тоа што се приближува 20-тиот роденден на Килијан Мбапе кој моментално е на второ место на листата, зад Роналдо Луис Назарио де Лима.

Легендарниот Бразилец, кој од неодамна стана претседател на шпанскиот прволигаш Реал Ваљадолид, пред да наврши 20 години имаше постигнато 92 голови како играч на Крузеиро, ПСВ Ајндховен и за репрезентацијата, а Мбапе моментално има 64 погодоци во официјалните настапи за Монако, ПСЖ и за Франција.

Шансите до 20 декември годинава да ја надомести разликата од 28 голови објективно гледано не се големи, но Мбапе со четири погодоци во дербито од француското првенство против Лион покажа дека тоа и не е така невозможно.

Асот на ПСЖ во наредните 67 дена ќе може да одигра максимално 17 натпревари, од кои 13 за клубот во домашната и Лигата на шампиони (два против Наполи и по еден против Ливерпул и Црвена ѕвезда), како и четири за „триколорите“ – две пријателски (Исланд и Уругвај) и две во Лигата на нации (Германија и Холандија).

Во просек, Мбапе би требало да ја затресе противничката мрежа 1,64 пати по натпревар (под услов да не пропушти ниту еден), имајќи предвид дека од 18 август има просек од 1,22 гола, односно девет погодоци на 11 средби.

Шансите да го стигне и надмине Роналдо сигурно ќе му беа поголеми да не пропуштеше три натпревари поради суспензија.

Последниот меч како 19-годишник Мбапе најверојатно ќе го одигра на 15 декември кога ПСЖ ќе гостуваат кај Дижон.

Моменталната вундеркинд топ 10 листа изгледа вака:

1. Роналдо (Крузеиро, ПСВ, Бразил) 92 голови

2. Килијан Мбапе (Монако, ПСЖ, Франција)  64

3. Раул Гонзалес (Реал Мадрид, Шпанија) 59

4. Нејмар (Сантос, Бразил) 48

5. Мајкл Овен (ЛИверпул, Англија) 48

6. Серхио Агуеро (Индепендиенте, Атлетико Мадрид, Аргентина) 44

7. Вејн Руни (Еверон, Манчестер Јунајтед, Англија) 43

8. Алешандре Пато (Интернасионал, Милан, Бразил) 39

9. Лионел Меси (Барселона, Аргентина) 27

10. Кристијано Роналдо (Спортинг, Манчестер јунајтед, Португалија) 20

реклама

Три уреди во домот што никогаш не треба да се исклучуваат од струја

Read more

Откриена најголемата змија што некогаш живеела на Земјата

Read more

Едно цвеќе е идеално за балконите кои повеќе се во сенка

Read more

Кардиолог: Единственото нешто полошо од кафе е кафето со млеко

Read more

Фудбал

Лапорта: Можеби ќе побараме преигрување

Read more

Тројцата исклучени во дербито ги дознаа казните

Read more

И Аргентинец ќе суди на ЕУРО 2024

Read more

Две причини зошто Чави ја преиспита одлуката да остане на Камп Ноу

Read more
 

Спорт

Лапорта: Можеби ќе побараме преигрување

Читај повеќе

Тројцата исклучени во дербито ги дознаа казните

Читај повеќе

И Аргентинец ќе суди на ЕУРО 2024

Читај повеќе

Две причини зошто Чави ја преиспита одлуката да остане на Камп Ноу

Читај повеќе
  • play_arrow

Тео, Думфрис и исмејување: 3 работи од Милан - Интер што не ги видовме на ТВ

Читај повеќе

Репрезентациите на ЕУРО со 26 наместо со 23 играчи?

Читај повеќе
  • play_arrow

Капело не го смета Кристијано Роналдо за фудбалски генијалец

Читај повеќе

Крај на сезоната за Де Јонг

Читај повеќе

Официјални состави: Милан - Интер

Читај повеќе