Угледниот француски весник L'Équipe изнесе приказна за најголемиот пропаднат трансфер на сите времиња, а станува збор за трансферот на Килјан Мбапе во Ливерпул, на кој се согласил францускиот фудбалер.
Сè се случило во 2022 година, кога Мбапе веќе блескаше во дресот на Пари Сен-Жермен, а потоа усно се согласил да се пресели во Ливерпул.
Мбапе се согласил да премине во клубот од „Енфилд“, кој на ПСЖ му испратил понуда од 200 милиони евра, и оттука почнале проблемите.
Имено, L'Équipe пренесува дека тогаш ПСЖ во лудо барање побарал од Ливерпул да ја удвои понудата и да плати отштета од 400 милиони евра за Мбапе!
🚨 Liverpool offered €200M to PSG for Kylian Mbappé in 2022! 😱
— Transfer News Live (@DeadlineDayLive) September 11, 2024
Mbappé agreed to join the Reds, but PSG refused to negotiate. ❌
(Source: @lequipe ) pic.twitter.com/sX6ygqFpro
Тогаш пропаднале преговорите за трансферот на Мбапе, а една година претходно францускиот фудбалер во изјава за британските медиуми јавно ги пофали „Црвените“.
„Ливерпул беше машина во Премиер лигата оваа сезона. Тие направија победата да изгледа лесна, но вистината е дека никогаш не е лесно да се дојде до неа. Настапите што ги имаа досега не се случуваат туку така. Да се биде немилосрден како што тие беа со резултатите е многу напорна работа на тренинзите и многу добар стратег“, изјави тогаш Мбапе.
На крајот, Мбапе летово остана во ПСЖ до крајот на договорот, па така „Светците“ од „Паркот на принцовите“ останаа со празни раце, бидејќи францускиот интернационалец бесплатно се пресели во Реал Мадрид.
Од целата приказна најмногу профитираше Кралскиот клуб и сега во својот тим го има веројатно најдобриот фудбалер на денешницата.