Европскиот првак Реал Мадрид го претстави дресот на најголемото летно засилување Килјан Мбапе, со бројот девет на грбот, кој е пуштен во продажба.
Со завршено Европско првенство, Килјан Мбапе сега може да се фокусира на својата клупска кариера и непречен почеток на животот во Реал Мадрид.
Одличниот Французин не покажа многу на ЕУРО, а на 16 јули ќе биде присутен на Сантјаго Бернабеу кога ќе биде претставен пред навивачите. Тој ден ќе го одработи првиот тренинг со Кралскиот клуб, а потоа ќе го потпише договорот во друштво на претседателот на клубот Флорентино Перес.
🚨🚨| Kylian Mbappe jerseys on SALE! 🤍 pic.twitter.com/KQeZCNIHur
— CentreMadrid. (@centreofmadrid) July 11, 2024
Во меѓувреме, Реал Мадрид го претстави неговиот клупски дрес. Како што беше најавено, потврдено е дека ќе го носи дресот со бројот девет на грбот.
Дресот е пуштен во продажба и се очекува да бидат продадени рекорден број примероци, што ќе му овозможи на Реал Мадрид да покрие сериозен дел од приходите на „Сантијаго Бернабеу“.
Погледнете ги сите верзии на дресови во официјалната продавница на Реал ТУКА. Дресовите се достапни за цени кои се движат од 150 до 230 долари.
Иако навивачите се надеваа дека презентацијата на Мбапе ќе се одржи во текот на вечерта, Реал реши во 12 часот попладне Мбапе да им се обрати на навивачите во дресот на клубот. Мбапе ќе патува низ градот до Бернабеу, а навивачите ќе можат да го поздрават на улиците на Мадрид нешто пред 12 часот.
Мбапе со тоа ќе стане првиот играч по Карим Бензема кој ја добил „деветката“ во клубот.