ЛА ЛИГА 2024/2025

Мбапе ја презеде целата одговорност по новиот кошмарен натпревар

Фудбалерите на Реал Мадрид доживеаја пораз во 19. коло од Ла Лига, бидејќи „Кралскиот тим“ на „Сан Мамес“ во Билбао беше поразен од Атлетик со 2:1, а во центарот на вниманието повторно се најде Килјан Мбапе, кој се огласи по натпреварот и промашениот пенал.

На стартот од вториот дел Атлетик поведе преку Алекс Беренгер, кој во 53. минута погоди за 1:0, а потоа да продолжи агонијата на Мбапе.

Во 68. минута беше досуден пенал за Реал Мадрид, одговорноста ја презеде Мбапе, а неговиот слаб удар го сопре голманот Хулен Агиресабала. Иако Реал потоа израмни преку Џуд Белингам, две минути подоцна Горка Гурузета ја врати предноста на Баскијците, што се покажа и како конечни 2:1.

По средбата, Мбапе повторно беше мета на критики, поради што се огласи на социјалните мрежи.

„Лош резултат. Голема грешка во натпревар во кој секој детаљ е важен. Ја преземам целосната одговорност за тоа. Тежок момент, но најдобро време е да ја сменам оваа ситуација и да покажам кој сум“, изјави Французинот, кој неодамна и на натпревар од Лигата на шампионите против Ливерпул не успеа да искористи пеналот.

Реал во следното коло ќе ѝ гостува на Жирона, а кон средината на неделата ќе има и натпревар од Лигата на шампионите во Бергамо против Аталанта.

реклама

Tрите девојки кои Хамас ги држеше повеќе од година во заложништво се соединија со своите мајки

Read more

Три промени во компирот откриваат дека не е безбеден за јадење

Read more

Французинката која лажниот Бред Пит ја измами за 830.000 евра сега е бездомничка

Read more

Кафе на празен стомак - штетно или не?

Read more

Фудбал

Белгија го отпушти селекторот Тедеско

Read more

Нејмар нема да биде регистриран за вториот дел од сезоната

Read more

Шокантна пријава до ФИФА: Сакаат да убијат 3 милиони кучиња пред Мундијалот

Read more

Фабиу Куентрау уапсен поради нелегално одгледување ракови

Read more
 

Спорт

  • play_arrow

Јокиќ со трет трипл-дабл во низа против Орландо, Зубац го уништи Лејкерс

Читај повеќе

Белгија го отпушти селекторот Тедеско

Читај повеќе

Работнички: До кога Перо Антиќ ќе ја силува македонската кошарка?

Читај повеќе

Почнуваат зимските пријателски: Календар на натпревари на македонските клубови

Читај повеќе

Нејмар нема да биде регистриран за вториот дел од сезоната

Читај повеќе

Шокантна пријава до ФИФА: Сакаат да убијат 3 милиони кучиња пред Мундијалот

Читај повеќе
  • play_arrow

Оклахома го патосираше Кливленд, разликата беше и 42 поена

Читај повеќе

Фабиу Куентрау уапсен поради нелегално одгледување ракови

Читај повеќе

Фоден: Не сме глупави, знаеме дека немаме шанси да ја одбраниме титулата

Читај повеќе