Мбапе можел да заврши во Дортмунд: Денес ќе имаа супер тандем

Додека младиот Французин сѐ уште беше во Монако, неговата кариера можела да замине во сосема друг правец бидејќи постоела опција да заигра за бундеслигашот од Дортмунд.

Замислете каков тандем денес би имала Борусија: Ерлинг Браут Холанд и Килјан Мбапе. Брзи и екплозивни, двајцата млади и веќе докажани голгетери.

Поранешниот скаут на Борусија, Свен Мислинтат, открива дека во 2016 година и неговиот клуб бил во игра за потписот на Мбапе и тоа за играчот беспари да се пресели во Дортмунд.

Мбапе за брзо време стана посакуван играч уште од неговото деби за Монако во декември 2015, на крајот од сезоната 2015/16 веќе десетици големи клубови имаа искажано интерес за неговиот потпис, а во таа долга колона била и Борусија.

„Навистина е голема штета што не успеавме да го земеме Килјан. Тогаш тој во одреден период беше слободен играч и многу клубови го бараа. Нажалост, не можевме да победиме во таа трка“, рече Мислинтат во подкастот „Kicker meets DAZN“.

„За да можевме во било кое време да му го украдеме Мбапе на Монако ќе требаше да понудиме навистина баснословен договор“, додаде.

Тоа лето Мбапе остана на „Луј II“ и наредната сезона го предводеше Монако и до титулата во Лиг 1, како и полуфинале во Лигата на шампионите. Потоа за 180 милиони евра се пресели во ПСЖ, каде е и денес.

реклама

Од 25 април почнува финансискиот успех за еден хороскопски знак

Read more

740.000 случаи на рак годишно се поврзуваат со една навика

Read more

Димитриевски до Пендаровски: Разликата е огромна, откажете се од оваа битка и оставете нè да победиме во вториот круг

Read more

Заврши ретрограден Меркур: Детален хороскоп за сите знаци, 2 ќе бидат најсреќни

Read more

Фудбал

Фудбалерот на Њукасл размислува за иднината: Положи за возачка за камион

Read more

Натпревар од Серија А вечерва ќе се игра само 18 минути

Read more

Историја на Интер - Торино: Прв пат во Серија А целосно женски судиски тим

Read more

Ван Дајк јавно ги прозва соиграчите: Сакате ли воопшто титула?

Read more
 

Спорт

Фудбалерот на Њукасл размислува за иднината: Положи за возачка за камион

Читај повеќе

Натпревар од Серија А вечерва ќе се игра само 18 минути

Читај повеќе

Историја на Интер - Торино: Прв пат во Серија А целосно женски судиски тим

Читај повеќе

Ван Дајк јавно ги прозва соиграчите: Сакате ли воопшто титула?

Читај повеќе

Ел Класико се сели во САД

Читај повеќе
  • filter

Новиот дрес на Милан нè враќа 100 години наназад

Читај повеќе

Што го убеди Чави сепак да остане во Барса?

Читај повеќе

Јирген Клоп: Извинете

Читај повеќе

Дали судот ќе одлучува за фантомскиот гол на Јамал?

Читај повеќе