Килјан Мбапе на стартот од својата ера во Реал Мадрид ги минува најтешките моменти во кариерата бидејќи игра во многу лоша форма, а пред два дена повторно беше трагичар на „Кралскиот клуб“.
Мбапе промаши уште еден пенал во дресот на Реал, кој беше поразен на гостувањето во Билбао кај Атлетик, а два дена подоцна шпанските медиуми објавија интересни детали од соблекувалната.
Имено, мадридски AЅ најави дека мечот против Атлетик на „Сан Мамес“ може да биде пресвртница во кариерата на Мбапе во Реал, бидејќи во соблекувалната имал разговор со соиграчите и оставил порака на ливче, која ја ставил на масата.
„Ќе покажам кој сум“, напишал Мбапе на парче хартија, а потоа разговарал со сите важни играчи во тимот и се извинил на секој од нив.
„Уште во соблекувалната, додека атмосферата беше на самото дно, Мбапе им зборуваше поединечно на главните играчи на тимот. Им го кажа истото на секој од нив. Се извини и ја покажа својата желба да стане вистински лидер на нов проект“, пишува AЅ.
„Нешто се случи. 'Сан Мамес' е пресвртница во кариерата на Мбапе во Реал“, додава мадридскиот весник во текстот.
🗞️ ¡Ya está aquí la #PortadAS del viernes, 6 de diciembre!
— Diario AS (@diarioas) December 6, 2024
💪🔥 "𝙈𝙤𝙨𝙩𝙧𝙖𝙧𝙚́ 𝙦𝙪𝙞𝙚́𝙣 𝙨𝙤𝙮" pic.twitter.com/N00tqRgdmi
Следниот натпревар Реал Мадрид го игра утре (сабота) од 21 часот, кога во 16. коло од Ла Лига ѝ гостува на Жирона на нашиот Бојан Миовски, а кон средината на следната недела „Кралевите“ ќе ѝ гостуваат на незгодната Аталанта во Лигата на шампионите.