Мбапе од ПСЖ побарал плата од 50 милиони и приватен авион

Младата француска сензација Килијан Мбапе пристигна во Париз од Монако во август 2017 година како позајмен играч а оваа година тој го официјализираше трансферот во ПСЖ за сума од 180 милиони евра. Оттогаш Мбапе импресионираше на сите фронтови а летово беше клучен играч во составот на Франција кој го освои Светското првенство во Русија.

Германскиот портал Der Spiegel објави документи за преговорите и договорот на Мбапе со ПСЖ кои беа откриени од страна на свиркачот Football Leaks, а откриваат сочни детали за неговите барања и придобивки од францускиот клуб.

Статијата која ја објави Der Spiegel вели дека Мбапе побарал договор вреден 55 милиони евра, со кои би бил еден од најдобро платените фудбалери во светот. Тој побарал бонус за потпишување на договорот во висина од 5 милиони евра и плата од 50 милиони евра за времетраењето на петте години од договорот. Der Spiegel пишува дека ПСЖ решиле да го прифатат договорот, но одбиле неколку од барањата на Французинот.

Килијан Мбапе побарал во договорот да биде вметната клаузула која предвидува тој да биде најплатениот играч во составот (подобро платен од Нејмар) доколку за време на постоечкиот договор ја освои Златната топка. Покрај тоа, Мбапе имал желба да добие приватен авион на сметка на клубот кој ќе го користи 50 часа во текот на годината, но ПСЖ го измениле овој дел од договорот и му понудиле да ги плаќаат личните вработени на младиот напаѓач, меѓу кои има батлер, шофер и телохранител, а тие заедно заработуваат 30.000 евра месечно. Барањата не застануваат тука. Неговиот татко побарал да присуствува на тренинзите на ПСЖ и нарачал одредена сума која клубот треба да ја исплати на неговото семејство доколку биде суспендиран од европските натпреварувања или пак го прекрши Финансискиот фер плеј. ПСЖ не прифатиле ниту едно од овие барања.

Пред да си замине од Монако и да потпише за ПСЖ, поранешниот клуб на Килијан Мбапе се договорил за трансфер вреден 180 милиони со кој младиот Французин би заиграл за европскиот шампион, но неговиот татко го одбил договорот бидејќи не бил сигурен дека син му ќе добива доволно голема минутажа.

реклама

Фудбал

Лапорта: Можеби ќе побараме преигрување

Read more

Тројцата исклучени во дербито ги дознаа казните

Read more

И Аргентинец ќе суди на ЕУРО 2024

Read more

Две причини зошто Чави ја преиспита одлуката да остане на Камп Ноу

Read more
 

Спорт

Лапорта: Можеби ќе побараме преигрување

Читај повеќе

Тројцата исклучени во дербито ги дознаа казните

Читај повеќе

И Аргентинец ќе суди на ЕУРО 2024

Читај повеќе

Две причини зошто Чави ја преиспита одлуката да остане на Камп Ноу

Читај повеќе
  • play_arrow

Тео, Думфрис и исмејување: 3 работи од Милан - Интер што не ги видовме на ТВ

Читај повеќе

Репрезентациите на ЕУРО со 26 наместо со 23 играчи?

Читај повеќе
  • play_arrow

Капело не го смета Кристијано Роналдо за фудбалски генијалец

Читај повеќе

Крај на сезоната за Де Јонг

Читај повеќе

Официјални состави: Милан - Интер

Читај повеќе