Килјан Мбапе синоќа организираше проштална вечера во еден париски ресторан на која присуствуваа 250 гости, меѓу кои и претседателот на Франција, Емануел Макрон.
Тој сакаше да се збогува со сите свои пријатели пред официјално да го напушти Пари Сен Жермен по завршувањето на неговиот двегодишен договор.
Најверојатно кариерата ќе ја продолжи во редовите на Реал Мадрид каде пристигнува како слободен играч и ќе биде големо засилување за „кралевите“.
Соиграчите и персоналот на ПСЖ придружувани од нивните семејства и најблиски и лични пријатели на играчот, како и други фудбалери присуствуваа на збогувањето на Мбапе со ПСЖ по седум сезони.
Неговиот последен натпревар за Пари Сен Жермен ќе биде на 25 мај во Лил во финалето на Купот на Франс против Лион, што ќе биде негов 264-ти настап за „светците“.