Мбапе скап, Нејмар поскап, но Кавани руши рекорди во ПСЖ

Едисон Кавани продолжува да руши рекорди во дресот на францускиот гигант Парис Сен Жермен.

Неодамнешните несогласувања со новиот соиграч Нејмар како дополнително да го мотивираа Уругваецот.

ПСЖ против Анжер запиша нова голема победа од 5:0, а Кавани нови голови со кои ја надмина бројката од 100 погодоци во Лига 1.

Мбапе не бше на висина на задачата против Ница, Нејмар не играше против Анжер поради повреда, а Кавани е тука за недостатокот во нападот да не се почувствува.

Тој стана само петиот фудбалер во историјата на француската лига кој многу брзо успеал да постигне 100 погодоци (моментално има 101).

Едисон Кавани за да дојде до овој рекорд му беа потребни 144 натпревари.

Во елитниот француски ранг тој постигнува 0.7 погодоци по натпреар што го става зад Златан Ибрахимовиќ (0.93) и Радамел Фалкао (0.78).

Кавани исто така е и еден од трите играчи кој играјќи во две од петте најсилни лиги во Европа постигнал повеќе од 100 погодоци.

Прво тоа го направи во Серија А од 2006 до 2013 година со Наполи, а потоа и во Франција.

Ова им успеа уште на Ибрахимовиќ и Гонзало Игуаин.

Тој го сруши и рекордот на Ибрахимовиќ во Лигата на шампионите за ПСЖ со 24 погодоци на 40 натпревари, а Кавани би можел да го помине и да стане најдобар стрелец во клупската историја.

Кавани има 147 погодоци, а Швеѓанецот 156.

реклама

Зошто треба прво да се испржи меленото месо, па потоа да се додаде кромид?

Read more

5 хороскопски знаци кои се родени за да се збогатат во животот

Read more

Како изгледал етничкиот состав на цела Македонија во 1905 година?

Read more

Со две ластичиња до убави велигденски јајца со нова шара

Read more

Фудбал

Зошто Пеп ги извади најдобрите изведувачи на пенали во продолженијата?

Read more

Де Роси ќе остане тренер на Рома и во следната сезона

Read more

Двајца играчи на Реал побарале да не шутираат пенал, едниот се плашел од Едерсон

Read more

ФФМ и федерациите од регионот му дадоа безусловна поддршка на Чеферин

Read more
 

Спорт

Зошто Пеп ги извади најдобрите изведувачи на пенали во продолженијата?

Читај повеќе

Де Роси ќе остане тренер на Рома и во следната сезона

Читај повеќе

Двајца играчи на Реал побарале да не шутираат пенал, едниот се плашел од Едерсон

Читај повеќе

ФФМ и федерациите од регионот му дадоа безусловна поддршка на Чеферин

Читај повеќе

Откриено зошто Денвер го избрал Јокиќ наместо Нуркиќ во 2017

Читај повеќе

Роналдо го сотре бившиот клуб

Читај повеќе

Испаѓањето на Сити донесе нов фаворит за освојување на ЛШ

Читај повеќе

Пеп: Во кој било друг спорт ќе победевме

Читај повеќе

Судиите во Украина пред натпревар ќе одат на полиграф

Читај повеќе