Мбапе со апел: Без Нејмар нема да биде исто

Францускиот напаѓач ја истакна важноста на Бразилецот во тимот, а без него ПСЖ ќе ја изгуби конкурентската улога во Лигата на шампиони.

Сѐ погласни се шпекулациите за заминувањето на Нејмар од Париз и негово веројатно враќање во Барселона. Покрај навивачите на ПСЖ, меѓу оние кои не сакаат тоа да се оствари е и неговиот соиграч Килјан Мбапе.

„Ќе се обидеме да бидеме на високо ниво во континуитет, но да не се залажуваме. Многу зависи од ситуацијата со Нејмар. Без него не е исто“, вели тинејџерот.

„Сакам да остане кај нас, сам знае што јас мислам на таа тема бидејќи му кажав искрено и со сета почит. Јас едноставно му се возхитувам.“

ПСЖ без Нејмар уште од старт би бил отпишан од долгопосакуваната титула во Лигата на шампиони.

Синоќа ПСЖ и без Нејмар во тимот немаше проблеми со Ним победувајќи со 3:0, но лесно е против недораснат противник. Токму Мбапе го постигна вториот гол, а асистираше на третиот. Во противничкиот тим го немаше нашиот Влатко Стојановски кој сѐ уште не може да игра поради проблем со документацијата.

реклама

Зошто треба да ставите алуминиумска фолија зад рутерот?

Read more

Едноставен и брз метод: Белите патики повторно ќе изгледаат како нови

Read more

Голем месечен хороскоп за април 2024: Ретрограден Меркур им ги мрси конците на неколку знаци

Read more

Со едноставен водоводџиски трик ослободете се од смрдеата од одводот

Read more

Фудбал

Како ќе изгледа албумот за ЕУРО 2024 на Topps?

Read more

Калафјори: Татко ми го презира Јувентус, а јас го почитувам татко ми

Read more

Тонали е вистински зависник: Се обложувал и во Англија, намерно добил жолт картон

Read more

Ливерпул се откажа од Алонсо, Клоп ќе го наследи Рубен Аморим

Read more
 

Спорт

  • play_arrow

Како ќе изгледа албумот за ЕУРО 2024 на Topps?

Читај повеќе

Калафјори: Татко ми го презира Јувентус, а јас го почитувам татко ми

Читај повеќе

Герасимовски: Конечно, Работнички се враќа на шампионските патеки

Читај повеќе
  • play_arrow

Тонали е вистински зависник: Се обложувал и во Англија, намерно добил жолт картон

Читај повеќе
  • play_arrow

Лидерот Бостон падна во Атланта, го средија Мареј и Богдановиќ

Читај повеќе
  • play_arrow

Димитров го растури Алкарас во Мајами

Читај повеќе

Ливерпул се откажа од Алонсо, Клоп ќе го наследи Рубен Аморим

Читај повеќе

Милан сака да се засили со братот на Турам

Читај повеќе

Се побуни и Николов: Разочаран сум поради односот на селекторот Милевски

Читај повеќе