McLaren го претстави новиот 720S Le Mans
Од компанијата McLaren за 50 купувачи го подготвија моделот 720S Le Mans Special Edition со кој ја одбележуваат 25-годишнината од победата на тркачката стаза Ле Ман.
Нема многу автомобилски компании чии автомобили од првпат успеваат да стигнат до победа на стазата Ле Ман.
Автомобилот ќе се понуди во две бои на каросеријата - портокалова и сива, а во кабината на суперспортскиот автомобил доминира темна алкантара со портокалови или сиви детали.
Спортскиот автомобил го придвижува 4-литарски V8 мотор од 720 коњски сили. Од 0 до 100 км/ч забрзува за 2,9 секунди и развива повеќе од 340 км/ч. Цената на овој автомобил изнесува 284.771 евро.