МД „Илинден“ ги повика Македонците во Гора да гласаат за „Единствената горанска партија“

Македонското друштво „Илинден” - Тирана ги повика Македонците од областа Гора и Косово да излезат масовно на предвремените парламентарни избори во Косово, што ќе се одржат на 6 октомври и да гласаат за кандидатската листа на „Единствена горанска партија“.

– Искажуваме целосна подршка на партијата „Единствена горанска партија“ и ги повикуваме Македонците од Гора и цело Косово, масовно да излезат на избори и да го дадат својот глас за оваа партија, за да имаат свои пратеници во новиот состав на косовскиот парламент. Имате можност и среќа да гласате за партијата која се залага за вашите права и се бори да се зачуваат македонските корени, јазик и индентитет, стои во апелот.

Се додава дека на предвремените парламентарни избори во Косово „Единствена горанска партија“ настапува самостојно со своја кандидатска листа на која се наоѓаат 13 кандидати од разни делови на областa Гора, меѓу кои и три жени.

– На листата се вредни луѓе, кои се залагаат за подобрување на положбата на македонската горанска заедница, зачувување и активно промовирање на културни вредности, обичаи и традиции, како и формирање општина Гора во согласност со Уставот и законите на Косово. Партијата настапува под мотото „Гора мора да победи“, наведува друштвото „Илинден“.

Друштвото во име на Македонците од Албанија изразува поддршка на лидерот на „Единствена горанска партија“, Адем Хоџа, пратеник во последниот состав на Собранието на Косово, за сѐ што прави за областа Гора и за Македонците на Косово.

Во областа Гора распослани се девет села, населени со Македонци со муслиманска вероисповед, познати под името Горанци, а нив ги има и во други делови на Косово. Најпознат Горанец е поранешниот југословенски фудбалски репрезентативец Фахрудин Јусуфи кој почина летово.

Тагови
реклама

Што ќе им донесе сезоната на Бикот на сите хороскопски знаци од 19 април до 20 мај?

Read more

Зошто треба прво да се испржи меленото месо, па потоа да се додаде кромид?

Read more

Вештачка интелигенција управуваше борбен авион против човечки пилот

Read more

Најнеобичните цвеќиња што може да се видат на Земјата

Read more

Регион

Се вештачат трагите од предметите пронајдени во автомобилот во кој била убиена малата Данка

Read more

Грциja парализирана од штрајкови

Read more

Вучиќ: За три до четири месеци ќе биде најлошата ситуација од 1945 година

Read more

Грција реагира за употребата на името Македонија во изборната кампања

Read more
 

Вести

Македонката Светлана Мојсов меѓу 100-те највлијателни личности во светот според магазинот Time

Читај повеќе

Приведено уште едно лице за кражбата на сефот во Црниче

Читај повеќе

Османи: Имало информации дека Израел го нападнал Иран, меѓутоа сѐ уште не се потврдени

Читај повеќе

Бојан Јовановски: „Рекет“ не е расчистен, Заев беше човекот што комуницира директно со сите

Читај повеќе

Детали за кражбата на сефот во скопско Црниче: 23-годишник е еден од осомничените

Читај повеќе

Деловен партнер од Кремљ номиниран за Нобеловата награда за мир

Читај повеќе

Спречен атентат врз Зеленски

Читај повеќе

Паднаа акциите на Netflix

Читај повеќе

Дали Кина ја снабдува Русија со делови за производство на оружје?

Читај повеќе