Мечкин Камен прогласен за значајно културно наследство

Споменикот Мечкин Камен во Крушево, синонимот на Крушевската Република и на херојството на востаниците, се прогласува за значајно културно наследство со што овој локалитет соодветно ќе се одржува и инфраструктурно ќе се зачува. Ова е на иницијатива на крушевската локална самоуправа.

Со решение, Министерството за култура го прогласува споменикот за значајно културно наследство со заштита од трет степен откако до него беа доставени Елаборат за валоризација на споменикот на културата „Мечкин Камен“ како и предлог за донесување акт за прогласување на значајно културно наследство.

– Во таа смисла валоризацијата на доброто и предлогот се во функција на дефинирање на јавниот интерес за негова заштита, а со тоа и целосно подведување под дејство на прописите за заштита на културното наследство, стои во решението за прогласување на Мечкин Камен за значајно културно наследство.

Според крушевскиот градоначалник Томе Христоски, досега овој значаен историски локалитет вопшто не бил регулиран.

– Со тоа не можеше да се одржува за дополнително да го испочитуваме нашето славно минато илустрирано во споменикот. Успеавме да издејствуваме овој локалитет да се регулира и да се заштити со што Министерството за култура го донесе ова решение. Овој споменик е изграден во 1983 година, а наша цел е вечно да биде симбол на Крушево, вели Христоски.

реклама

Култура

Марко Бањоли во Чифте амам

Read more

МАИ ги додели наградите за изданијата меѓу два Саеми на книга

Read more

Филмот на Цветановски со награда за најдобар филм во Калифорнија

Read more

Националниот џез оркестар со „Џез лектира“ гостува во Велес

Read more
 

Вести

Јакимовски призна пораз, ѝ честиташе водство на Сиљановска и ѝ поска среќа во вториот круг

Читај повеќе

Ванковска: Необично е да гласаш за себе, но со тоа ја изразив убеденоста во она што го говорам

Читај повеќе

Силјановска Давкова: Дојде време, дојде час, да си замине оваа власт

Читај повеќе

Одзивот до 19 часот е 48,44 отсто, во Новаци на гласање излегле рекордни 71,07 отсто од гласачите

Читај повеќе

Муцунски: Овој изборен ден е почеток на крајот на оваа власт

Читај повеќе

Левица: Проблеми со фингерпринтот во Куманово, Ѓорче Петров, Аеродром, доцнење на гласачкиот процес и нерегуларности во избирачкиот список

Читај повеќе

Европски фронт: Очекуваме голема, историска победа, тоа го потврдуваат информациите од терен

Читај повеќе

Две лица од Скопје го искинале гласачкото ливче, неколкумина го фотографирале

Читај повеќе
  • filter

Максим Димитриевски: Народот одлучува за иднината на Македонија

Читај повеќе