Американската академија за филмска уметност и наука ги објави номинациите за наградата Оскар за оваа година.
Македонскиот документарец „Медена земја“ кој веќе собра низа престижни филмски награди во текот на годинава, доби номинации за Оскар во две категории: за Најдобар документарец и за Најдобар странски филм.
Членовите на Академијата до 7 јануари гласаа за своите фаворити, а денеска беше соопштено кои се петте официјални номинирани во секоја од категориите.
Во категоријата Најдобар документарен филм „Медена земја“ на Тамара Котевска и Љубомир Стефанов влезе во потесниот избор за номинација од 159 документарци.
Номинирани за Најдобар документарен филм се:
American Factory
The Cave
The Edge of Democracy
For Sama
Honeyland
Номинирани за Најдобар странски филм се:
Corpus Christi (Полска)
Honeyland (Северна Македонија)
Les Miserables (Франција)
Pain & Glory (Шпанија)
Parasite (Јужна Кореја)
Документарниот филм Медена земја е во режија на Љубомир Стефанов и Тамара Котевска. Филмот е во продукција на Атанас Георгиев, кој е и монтажер, а кинематографијата е на Фејми Даут и Самир Љума.
Оскарите се доделуваат во 25 категории, а 92. издание на оваа престижна свеченост ќе се одржи на 10 февруари, 2020 година.
„Медена земја“ (Honeyland) е прв македонски филм што успеа да добие две номинации за Оскар.
Во 1995 година за првпат македонски филм доби номинација за Оскар - „Пред дождот“ на Милчо Манчевски.
Третиот филм на Манчевски - „Сенки“ - ѝ беше понуден на Академијата по повод 80-тото доделување на Оскарите, но не влезе меѓу петте номинирани.