„Медена земја“ и „Петрунија“ во трка за наградата „Лукс“ во Карлови Вари

Филмовите „Господ постои, името ѝ е Петрунија“ на Теона Митевска и документарниот  „Медена земја“ на Љубо Стефанов и Тамара Котевска влегоа во трката за значајната награда „Лукс“ на 54. Филмски фестивал во Карлови Вари.

– Во селекцијата од десет филмови на оваа програма што ја прави Европскиот парламент, Северна Македонија е единствена земја селектирана со не еден, туку два филма. Нашата кинематографија веќе ги освои најзначајните филмски фестивали во Кан, Берлин, Санденс, Лос Анџелес и несопирливо продолжува понатаму,  соопшти Агенцијата за филм која го поддржа снимањето на двата филма.

Десетте селектирани филмови за наградата „Лукс“  Европскиот парламент ги објави вчера, а ги соопштија Хелга Трупел, потпретседател на Комитетот за култура и образование на ЕП, Мартина Длабајова, потпретседател на Комитетот за буџетска контрола и Дорис Пак, координатор на наградата „Лукс“.

Како што појасни Агенцијата за филм, за потесниот избор на десетте филма дебатирале 21 европски филмски професионалец, кои во финалната селекција вклучиле четири филма на жени режисери, два документарни филма и значајно присуство на мали земји како Северна Македонија, од која учесници се дури два филма. Половина од селектираните филмови се европски копродукции.

Според пропозициите, од десетте филмови три ќе бидат избрани како конкуренти за наградата „Лукс“ и таа ќе биде врачена на 27 ноември во Стразбур.

Премиерата на „Господ постои, името ѝ е Петрунија“ беше во фервуари во официјалната програма на Филмскиот фестивал во Берлин, а „Медена земја“ премиерно беше прикажан во јануари на фестивалот „Санденс“ каде што освои неколку награди.

реклама

Од 25 април почнува финансискиот успех за еден хороскопски знак

Read more

Димитриевски до Пендаровски: Разликата е огромна, откажете се од оваа битка и оставете нè да победиме во вториот круг

Read more

Заврши ретрограден Меркур: Детален хороскоп за сите знаци, 2 ќе бидат најсреќни

Read more

740.000 случаи на рак годишно се поврзуваат со една навика

Read more

Филм & ТВ

25 април 1940 година, роден е актерот Ал Пачино

25 април 1940 година, роден е актерот Ал Пачино

Read more

Netflix објави прв трејлер за трилерот со Џеј Ло, фановите не се импресионирани

Read more

Ребел Вилсон тврди дека член на британското кралско семејство ја поканил на оргии и дрога

Read more

Семјуел Л. Џексон откри зошто сака да глуми во филмовите на Тарантино

Read more
 

Сцена

Големото враќање на Селин Дион: Имам сила во себе, ништо нема да ме спречи

Читај повеќе

Почина менаџерот Велибор Џаровски-Џаро

Читај повеќе
  • filter
25 април 1940 година, роден е актерот Ал Пачино

25 април 1940 година, роден е актерот Ал Пачино

Читај повеќе
  • play_arrow

Netflix објави прв трејлер за трилерот со Џеј Ло, фановите не се импресионирани

Читај повеќе

Ребел Вилсон тврди дека член на британското кралско семејство ја поканил на оргии и дрога

Читај повеќе
  • play_arrow

Семјуел Л. Џексон откри зошто сака да глуми во филмовите на Тарантино

Читај повеќе

Џон Бон Џови на 35-годишнината од бракот призна дека не е светец

Читај повеќе

Ен Хатавеј откри на какви непријатности наишла на аудициите: Беше одвратно

Читај повеќе
  • play_arrow

Како Џон Траволта го импресионирал Тарантино за да му ја даде главната улога во Pulp Fiction?

Читај повеќе