МК сцена

„Медена земја“ премиерно на „Македокс“

19. август 2019 - 13:59 | М.С.
Скопје, 19 август 2019 (МИА) – Документарецот „Медена земја“, кој викендов беше прикажан на Сараевскиот филмски фестивал, влезе во официјална конкуренција за наградата „Срцето на Сараево“.

Официјалната македонска премиера на „Медена земја“ ќе се одржи на 28 август 2019 година во Куршумли ан, на затворањето на 10. издание на Фестивалот за документарни филмови „Македокс“. Истиот ден, во рамки на фестивалот, ќе има проекција и во Младинскиот културен центар.

Од 29 август, филмот ќе се прикажува во „Синеплекс“.

„Медена земја“, на 24 август ќе се прикажува на фестивал во Макао, а на 21 и 23 август во Јужна Кореја. Следува учеството на филмски фестивал на планината Лесини во Италија, на 30 август.

Застапуван од американската компанија за производство и дистрибуција на филмови „Неон“, документарецот од 26 јули има кинодистрибуција во селектирани киносали во САД. Според официјалниот извештај на „Неон“: „Медена земја“ има најуспешна кинодистрибуција меѓу документарците, постигнувајќи повисока заработка од предвиденото.

Документарецот доби одлични рецензии од највлијателните медиуми во САД, како The New Yorker, Washington Post,  San Francisco Chronicle, Los Angeles Times, Nocturnal и многу други.

Коментирај