Фудбал

Mediaset: Модриќ го напушта Реал Мадрид во јануари

16. септември 2018 - 15:48 | К.З.

Скоро два месеци траеше сагата помеѓу Реал Мадрид, Лука Модриќ и Интер, во која Хрватот сакаше да си замине од мадридскиот клуб за да игра во Серија А. Италијанските медиуми не сметаат дека приказната е завршена и тврдат дека сепак од јануари ќе го гледаме Модриќ во различен дрес.

Интер и понатаму е заинтересиран за засилување на составот а името на Хрватот е првото на листата на потенцијални трансфери. Раководството на италијанскиот клуб преговара постојано со Реал Мадрид и се очекува до јануари да биде постигнат договор за продажба на Лука Модриќ, пишува италијанскиот Mediaset.

Според Mediaset, Модриќ разговарал со неговите колеги од репрезентацијата Иван Перишиќ, Марсело Брозовиќ и Шиме Врсаљко околу можниот трансфер во Интер, и ги уверил дека веќе по следниот преоден рок ќе стане нивен соиграч.

Интер ја започна сезоната лошо и вчера продолжи со лошите резултати, откако беше поразен од Парма со резултат 0:1. Модриќ би требало да ја стабилизира средината на составот и да биде главниот играч во составот од Милано.

Коментирај