Медицинска сестра убивала пациенти за да не умрат во нејзина смена

Ајуми Кубоки (31), медицинска сестра од Јапонија, е уапсена под сомнение дека убила 20 пациенти за да не умрат кога таа била на смена.

Таа наводно ги труела пациентите, луѓе во постари години, ставајќи им антисептичен раствор во интравенозните системи, во болницата Огучи, во близина на Токио, во 2016 година.

Кубоки во полиција рекла дека ја забрзувала смртта на пациентите за да починат во смена на друга медицинска сестра, а не во нејзината бидејќи не сакала да им ја соопштува тажната веста на семејствата, објави весникот „Асахи шимбун“.

Во болницата Огучи должност на медицинските сестри е да им ја соопштуваат веста за смртта на пациентот на блиските, ако почине додека се на нивна смена.

„Ќе беше тешко таа одговорност да ми паднеше мене“, им рекла Кубоки на инспекторите.

Полицијата почна истрага откако друга медицинска сестра забележала меурчиња во кесата со интравенозен раствор на 68-годишниот пациент Нобуо Јамаки, откако починал во септември, 2016 година.

Меурчиња во кесата укажуваат дека внатре е ставено нешто друго освен растворот.

Докторите откриле висока концентрација на антисептичен раствор во крвта на Јамаки и заклучиле дека починал од труење.

Била направена аутопсија и на телото на 88-годишниот пациент Созо Нишикава кој престојувал во истата соба со Јамаки.

Кај него бил најден истиот антисептик и полицијата отвори истрага во болницата.

Потоа било најдено присуство на антисептикот и во телата на уште двајца починати пациенти, 89-годишна жена и 78-годишен маж чии имиња не беа објавени.

Полицијата исто така нашла 10 неискористени кеси за интравенозен систем во собата на медицинските сестри, чија содржина била помешана со антисептичен раствор.

Инспекторите нашле мали траги од прободување со игла на кесите. При анализа на униформите на сестрите во тоа одделение, откриле дека само на една има траги од антисептик околу џебот – таа на Кубоки.

Откако ја уапсиле, Кубоки наводно признала дека убила 20 пациенти, но нагласила дека мета ѝ биле само оние што биле навистина многу болни.

Меѓутоа, полицијата рече дека таквата изјава е сомнителна, бидејќи еден од починатите отруени пациенти не бил смртно болен.

Кубоки добила сертификат да работи како медицинска сестра во 2008 година и во 2015 година почнала да работи во болницата Огучи, каде другите вработени ја знаеле како тивка и вредна.

Кубоки дала отказ во јуни, додека траела истрагата, пред да дојде нејзиниот ред да ја испрашуваат за сомнителните смртни случаи. Беше уапсена на 7 јули.

реклама

Свет

Москва: Западот им го прави на Украинците она што им беше направено на домородните Американци

Read more

Фон дер Лајен: ЕУ мора да почне да користи приватен капитал

Read more

Украинците удрија на Путиновата флота - онеспособен најстариот морнарички брод во светот

Read more

Иран: Нема да одговориме на израелскиот напад

Read more
 

Вести

Стејт департмент: Властите во Бугарија продолжија да негираат регистрација на етничко-македонски активистички групи

Читај повеќе

Извештај за човекови права во Македонија на Стејт департментот: Недоверба кон судството, насилства кон ЛГБТ заедницата и поткопана слобода на изразување

Читај повеќе

Одрони на неколку патни правци

Читај повеќе

Нема да има работни саботи за учениците, МОН донесе нова одлука

Читај повеќе

Уапсен ученик во основно училиште во Влае: Кршел инвентар, физички нападнал соученици и двајца наставници

Читај повеќе

Москва: Западот им го прави на Украинците она што им беше направено на домородните Американци

Читај повеќе

Мотоциклист удрил во пешак на Партизанска, двајцата повредени

Читај повеќе

ССМ повика на првомајски протест со барања до новата влада

Читај повеќе

Европскиот парламент одобри визна либерализација за Србите од Косово

Читај повеќе