Медицински персонал на Армијата се приклучува во борбата против COVID-19

Скопје, 30 ноември 2020 (МИА) – Од денеска се очекува одреден број доктори и медицински сестри кои работеле за војската, да се приклучат кон здравствениот персонал од јавните здравствени установи во борбата против ковид пандемијата. По прогласувањето на кризната состојба, како поддршка во обезбедување на ред во ковид центрите низ државата распоредени се и припадници на Армијата.

Изминатото деноноќие беа регистрирани нови 820 случаи од направени 2.019 тестови. Министерството за здравство соопшти дека починати се 32 пациенти, а оздравени 895 пациенти.

Најголем број од новозаболените се од Скопје – 279 по што следуваат Битола со 58, Куманово со 49, Тетово со 42, Штип со 39, Гостивар со 37, Кавадарци со 34, Струга со 33, Струмица и Гевгелија со по 25, Охрид со 24, Неготино со 21, Велес со 19 и Прилеп и Кочани со по 15 случаи.

Од починатите, најмладиот е на 55-годишна возраст, а најстариот на 95-годишна возраст. Сите се починати во болнички услови.

Министерот за здравство Венко Филипче со апел до граѓаните во претстојниот период на слави и прослави да бидат одговорни и да ги почитуваат мерките за заштита.

–  Славите, прославите и семејните собири беа причина за влошување на епидемиолошката состојба за време на првиот бран, да не дозволиме тоа повторно да се случи. Заштитете се себе си и сите околу вас, напиша вчера Филипче на Facebook.

Според информациите што вчера ги објави Министерството за здравство, вкупната бројка на пациенти позитивни и суспектни на корона вирусот кои се лекуваат на инфективните оддели во главниот град и во болниците низ земјава е 1282 и има колку 190 празни болнички кревети, но, како што посочува, бројките се менуваат од час во час во зависност од направените приеми и исписи.

Ковид центрите на интерните клиники во Скопје на покана на министерот за здравство ги посетил и доктор Никола Пановски, кој изготвил стручно мислење во кое меѓу другото навел дека правилно се третираат пациентите.

– Што се однесува до терапијата со антибиотици, за дијагнозата пневмонија, се почитуваат протоколите за лекување, и антибиотици се ординираат според клиничката слика, компјутерска слика на белите дробови и комплетни лабораториски наоди, каде се користи и најосетливиот маркер за диференцијација на вирусна од бактериска инфекција, прокалцитонинот. Се почитуваат протоколите за антибиотска терапија на пневмониии, како на пример монотерапија со респираторен кинолон, или комбинација на беталактам (цефтриаксон) со макролид (азитромицина најчесто) и кај тешките форми, каде нема ефект од оваа терапија или постои сомнение за болнички стекната пневмонија, се ординира карбапенем (имипенем или меропенем) со ванкомицин, напишал Пановски во дописот до Филипче.

Организациски, според Пановски, солидно се поставени центрите, со јасна поделба на зелена и црвена зона и персоналот е адекватно заштитен.

–  Тоа што јавноста треба да го знае, е дека во сите тие центри постојано има присутен пулмолог, а не како што пишуваат по социјалните мрежи дека таму лекувал на пример офталмолог. Со четворица од нив разговарав, со двајца лично, со две преку телефонска видео врска, напишал проф. д-р Никола Пановски во стручното мислење.

Негова препорака е да се провери како се организирани и ковид центрите во внатрешноста на државата.

Вкупната бројка на ковид дијагностицирани од почетокот на епидемијата изнесува 61.543, бројката на оздравени е 38.400, а на починати е 1.731. Бројот на активни случаи е 21.412.

реклама

Зошто треба да ставите алуминиумска фолија зад рутерот?

Read more

Голем месечен хороскоп за април 2024: Ретрограден Меркур им ги мрси конците на неколку знаци

Read more

Едноставен и брз метод: Белите патики повторно ќе изгледаат како нови

Read more

Како е поврзано пиењето кафе со ракот на дебело црево?

Read more

Македонија

ВМРО-ДПМНЕ: Растот на платите со кои се фали Битиќи е лага, платите се стопија со порастот на трошоците на живот

Read more

Села оди во коалиција со Ахмети

Read more

Македонија треба да ѝ врати 2,2 милиона евра на Европската комисија - биле злоупотребени преку Еразмус+

Read more

Апасиев: НАТО не носи демократија, НАТО е кршач на меѓународното право и Повелбата на Обединетите нации

Read more
 

Вести

  • play_arrow

Огромна дупка во Рим проголта два автомобила

Читај повеќе

Госпоѓиците од Авињон на сцената на Националната опера и балет

Читај повеќе

ВМРО-ДПМНЕ: Растот на платите со кои се фали Битиќи е лага, платите се стопија со порастот на трошоците на живот

Читај повеќе

Села оди во коалиција со Ахмети

Читај повеќе

Македонија треба да ѝ врати 2,2 милиона евра на Европската комисија - биле злоупотребени преку Еразмус+

Читај повеќе

Хоспитализирана 71-годишна скопјанка, jа нападнале две лица

Читај повеќе
  • play_arrow

Апасиев: НАТО не носи демократија, НАТО е кршач на меѓународното право и Повелбата на Обединетите нации

Читај повеќе

Во Франција за Велигден ќе биде распоредена полиција пред секоја црква

Читај повеќе

Расправија за паркинг во Аеродром прераснала во голема тепачка

Читај повеќе