Медицинско чудо: Бебе во „водена обвивка“ се роди на ГАК

Скопје, 8 август 2020 (МИА) – Бебе во „водена обвивка“ се роди на Универзитетската клиника за гинекологија и акушерство во Скопје.

Станува збор за медицинско чудо и редок феномен – раѓање во амнионска обвивка, што се случува еднаш во 80.000 породувања.

Како што информира денеска Министерството за здравство, бебето родено во „водена обвивка“ дојде на свет со помош на д-р Елена Ѓоргиевска-Николовска, гинеколог, која заедно со својата колешка д-р Катерина Николоска, со царски рез ја породиле трудницата која носела близнаци.

– Како гинеколог-акушер со 18-годишно работно искуство на Универзитетската клиника за гинекологија и акушерство во Скопје, имав прилика заедно со мојата колешка д-р Николоска да породиме пациентка во термин со близначка бременост со царски рез, при што, по породувањето на првото бебе, почна породувањето на второто бебе со „водена обвивка“. Целата екипа во хируршката сала во еден момент беше изненадена од овој природен феномен, и покрај големиот број породувања кои ги правиме секојдневно. Навистина, тогаш сфаќаме колку е совршена природата и како ги создала совршено сите работи, вели д-р Елена Ѓоргиевска-Николовска.

Во текот на бременоста бебето е сместено во матката на мајката, во обвивка која се нарекува „амнионска обвивка“, исполнета со течност, која го штити од бактерии и вируси од надворешната средина во текот на неговиот развој. Обвивката ги поддржува постелката и папочната врвца да ги извршуваат своите функции – да донесат кислород и хранливи материи од мајката кон бебето. На овој начин се развива бебето и преживува заштитено во стомакот на мајката.

– Во текот на породувањето многу ретко се случува „околуплодовата обвивка“ да не прсне и бебето да се роди заедно со обвивката, како што било и внатре во матката, а многу ретко се случува при царски рез, бидејќи околуплодовите обвивки мора да прснат, за да се породи плодот, а речиси никогаш не се случува при спонтано вагинално раѓање, појаснува д-р Ѓоргиевска-Николовска. Потенцира дека станува збор за исклучително редок феномен во природата и се верува дека раѓањето во обвивките им носи среќа и на бебето и на целото семејство.

Тагови
реклама

Полната Месечина почнува денес: Што ќе му донесе на секој хороскопски знак?

Read more

Шенон Доерти: Ќе снимам видео за да се збогувам со најблиските

Read more

Времеплов: Каде е, што прави најубавата собирачка на топчиња?

Read more

Експресен одговор за Навални од Кремљ

Read more

Живот

Рецесијата ништо не им може: Кајли Џенер и Кање Вест со огромен профит

Read more

Мали трикови за голема заштеда: Каде ви одат парите?

Read more

Полната Месечина почнува денес: Што ќе му донесе на секој хороскопски знак?

Read more

Се самоуби познат француски готвач обвинет за силување

Read more

Магазин

  • play_arrow

Рецесијата ништо не им може: Кајли Џенер и Кање Вест со огромен профит

Читај повеќе
  • filter

Aston Martin дизајнира куќа од 7.7 милиони долари

Читај повеќе
  • play_arrow

Гинисов рекорд: За 1 минута скрши 245 ореви со глава

Читај повеќе
  • play_arrow

Американски палачинки по рецептот на Џејми Оливер

Читај повеќе

Кога е најдоброто време за секс: Дваесеттите, триесеттите години или?

Читај повеќе

Како реагирате на навреди открива дали сте психички јаки

Читај повеќе
  • play_arrow

Она кога сред вожња ќе ти излезе метеор

Читај повеќе

Мали трикови за голема заштеда: Каде ви одат парите?

Читај повеќе

Полната Месечина почнува денес: Што ќе му донесе на секој хороскопски знак?

Читај повеќе