Ова медитеранско пилешко кое брзо се подготвува е одлична идеја за поинаков ручек, а рецептот можете да го искористите и за празничната сезона која доаѓа.
Се ближи празничната сезона и вистински момент е да испробвате нови јадење кои потоа ќе можете да ги послужите и на вашата празнична трпеза. Предлагаме да го пробате рецептот за медитеранско пилешко, кое е готово за 20 минути. Сигурни сме дека на сите ќе им се допадне. Вака подготвеното пилешко не само што е вкусно, туку и изгледа убаво, а можете да го послужите само со салата.
Потребни состојки:
- 3 големи пилешки стека
- 30 гр свежо оригано (или 2 лажички суво)
- 1 лажица брашно
- 50 мл маслиново масло
- 3 чешниња лук
- 1 лута пиперка
- 3-4 инчуни
- 50 мл суво бело вино
- 16 црни маслинки без семки
- 16 чери домати
- 1 рака магдонос
- сол
- бибер
Подготовка:
Исечете го пилешкото на парчиња со големина на залак и оставете ги на даската за сечење. Зачинете со сол и бибер, посипете со сечкано свежо оригано (може и суво). Оставете ги настрана распослани за да не се допираат.
Маслинките и чери доматите исечете ги на половинки, а две од чешнињата лук ситно исечкајте ги. Во сад измешајте го сечканиот магдонос со преостанатото чешне лук, кое ќе го истолчите, па убаво измешајте.
Во тава загрејте масло и пропржете го месото, додадете сечкана лута пиперка, сечканиот лук, инчуните и измешајте. По 30 секунди прелијте со белото вино и кога ќе испари течноста додадете ги маслинките и чери доматите. По 2 минути додадете го магдоносот и измешајте. Оставете го месото да отстои 2 минути, па послужете.