Меџити: Нема преговори за химната и за државниот грб

Вицепремиерот и министер за животна средина, Изет Меџити, вели дека во фокус им е владината програма каде што има утврдени столбови и според него нема преговори за химната и државниот грб.

„Политички договор има за владината програма која што има утврдени столбови како што се економскиот развој, животниот стандард, евроинтеграциите, враќање на правната држава, децентрализацијата. Целосно сме посветени на овие столбови. За друго нема преговарање и нема политички договор, иако нема табу теми“, истакна Меџити.

Одоговарајќи на прашање околу евентуално можно отстранување на текстот на химната, тој нагласи дека „не сака да навлезе за нешто што нема преговори“.

„Мислам дека имаме поважни теми во моментов. Не криеме ништо, кога ќе има нешто, ќе откриеме“.

Меџити исто така  ја обвини Демократската унија за интеграција дека се шегува со народот и со своите членови со најавениот ветинг, бидејќи според него, ваков процес не може да се спроведе внатре во партијата, како што најавува ДУИ, туку треба да се спроведе од независни државни институции.

Меџити вели дека вистинскиот ветинг за ДУИ ќе се случи на локалните избори.

„Ветингот го направи македонскиот народ на претходните избори, но вистинскиот ветинг ќе го почувствуваат на локалните избори. Ветинг не се прави на себе, ветинг прават другите, независните институции. Значи, тие играат со народот, се шегуваат со членовите, прават филмови“, вели Меџити.

реклама

Македонија

Левица предлага инспекторат кој ќе казнува за непочитување на грбот, знамето и химната

Read more

Од полноќ нови цени на горивата

Read more

Независниот синдикат на полицијата денеска на протест

Read more

Променливо време, попладне нестабилно со пороен дожд

Read more
 

Вести

Имате рок до крајот на денот: Европа ѝ постави ултиматум на Русија и доби експресен одговор

Читај повеќе

Објавен првиот том на Правописно-нормативниот речник на македонскиот стандарден јазик

Читај повеќе

Зеленски: Ќе бидам во Турција, се надевам дека ќе дојдат и Путин и Трамп

Читај повеќе

Орбан: Никој не се осмелува да признае, но ја загубивме војната во Украина

Читај повеќе

Трамп: Добри работи можат да произлезат од средбата меѓу Русија и Украина

Читај повеќе

Прв коментар на Кремљ откако Зеленски се согласи на преговори со Путин

Читај повеќе

Косовец добил македонски пасош со лажен идентитет – се гонат две вработени во МВР

Читај повеќе

Трамп ветува: Лековите ќе поевтинат за 59%

Читај повеќе

Македонија2025 го отвори најголемиот Самит досега: Фокус на реформи, иновации и економски раст

Читај повеќе