Меџити вети правда за сите трагедии: Кочани, Беса транс, тетовска болница, Ласкарци

Првиот вицепремиер Изет Меџити вети дека ќе има правда не само за трагедијата со пожарот во Кочани, каде што загинаа 59 лица, а над 100 беа повредени, туку и за другите тешки случаи што ја потресоа земјата, како несреќата со Беса транс, пожарот во модуларната болница во Тетово и трагичната несреќа кај Ласкарци. Тој нагласи дека Северна Македонија доживеала многу трагедии со тешки последици, но правдата недостигала, а државата повеќе нема да седи со скрстени раце.

„Додека се молиме за преживеаните и се подготвуваме да ги испратиме трагично загинатите на 16 март, како Влада ветуваме дека горчливата лекција од Кочани е научена, пораката е примена: државата нема да седи со вкрстени раце и нема да дозволи правдата да заталка и да се девалвира во институционалните лавиринти изградени да ги штитат токму недопирливите!“, напиша Меџити.

Тој истакна дека Владата ќе работи на тоа правдата да не остане само концепт заробен од мафијата и ендемската корупција.

„Нашата борба за подобра Македонија ќе има смисла само тогаш кога оние кон кои системот бил неправеден ќе почувствуваат дека правдата, сепак, не е заробена од мафијата, која ја контролира државата, како што, за жал, тоа било случај со години, и дека нивните повици за правда ќе наидат на одговори и реакција“.

Според Меџити, трагедијата во Кочани треба да биде потсетник за институциите дека не смее да дозволат повторување вакви несреќи.

„Кочани е нашата совест, која повикува на дејствување. Кочани е нашиот непребол, кој налага реакција. Кочани е катарза на скапаниот систем и ендемската корупција вкоренети длабоко во институциите што ги уништуваат човечките животи“.

Тој ги увери граѓаните дека државата ќе преземе мерки и ќе има одговорност за сите случаи во кои животите на граѓаните биле загрозени поради негрижа и корупција.

„Но, државата ќе дејствува! Одговорност ќе има! Правда ќе има: за Кочани, за Беса транс, за тетовската болница, за Ласкарци, за сите трагедии предизвикани од корупција и неказнивост, а чии последици се човечки животи!“

Тагови
реклама

Салатата од компири ќе биде повкусна ако додадете една едноставна состојка

Read more

УЈП затвори 25 објекти поради неиздавање фискални сметки

Read more

Што се случува со црниот дроб кога пиете кафе секој ден?

Read more

Роверот Perseverance испрати ново селфи од Марс

Read more

Македонија

Дождлив викенд со грмежи и засилен ветер

Read more

УЈП затвори 25 објекти поради неиздавање фискални сметки

Read more

Јаневска ги потврди казните од 250 евра за родителите на насилните ученици

Read more

ЗНАМ: Венко Филипче е политички мегафон на Софија во Скопје

Read more
 

Вести

Емиратите неуспешно се обидоа да ги убедат Саудиска Арабија и Катар заедно да го нападнат Иран

Читај повеќе

Уапсен шефот на белградската полиција и поранешен советник на Вучиќ

Читај повеќе

Дождлив викенд со грмежи и засилен ветер

Читај повеќе

Украина собори 269 дронови во новиот масовен напад на Русија

Читај повеќе

Подгорица ја осуди изјавата на Вучиќ за годишнината од црногорската независност

Читај повеќе

УЈП затвори 25 објекти поради неиздавање фискални сметки

Читај повеќе

Скопјанец нашол рачна бомба додека го чистел дворот

Читај повеќе
  • play_arrow

Трагедија на Малдивите: Пет Италијанци загинаа додека нуркаа во пештера

Читај повеќе

Јаневска ги потврди казните од 250 евра за родителите на насилните ученици

Читај повеќе