Медиумите не го прекршиле Изборниот законик при известувањето во првиот изборен круг

Скопје, 25 октомври 2021 (МИА) – Не се констатирани прекршувања на одредбите од Изборниот законик од страна на радиодифузерите во тек на известувањето во првиот круг од кампањата за Локалните избори 2021, покажува Извештајот за медиумското известување за периодот од 27 септември до 15 октомври, што го објави денеска Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги.

Според медиумскиот регулатор, сите комерцијални сервиси на национално ниво вложиле напори да обезбедат медиумско покривање на изборната кампања и речиси сите, освен што информирале во дневно-информативните емисии, за учесниците во изборите резервирале и повеќе посебни информативни програми.

– Кампањата не беше покриена во согласност со принципите на еднаквост за кандидатите за градоначалници и пропорционалност за кандидатите за општински советници. Редакциите ја следеа изборната кампања прагматично, претежно според очекувањата од општото политичко искуство за досегашните изборни процеси, давајќи им приоритет на СДСМ и ВМРО ДПМНЕ и на нивните коалициски партнери, а не според појдовните принципи од наведените законски барања. Но, за таквата констатација има низа објективни причини, во случајов тргнувајќи од основната – огромниот број потврдени кандидати за градот Скопје, за скопските општини поединечно, но и за сите други општини во државата, посочува во соопштение ААВМУ.

Јавниот радиодифузен сервис, како што информираат, ги почитуваше законските барања за структурата на дневноинформативните емисии, за емитување дебати и бесплатно политичко претставување. Собранискиот канал емитуваше бесплатно политичко претставување на повеќе учесници во изборите, распоредувајќи го времето според законската одредба.

Информирање за лицата со сетилна попреченост единствено обезбедиле МРТ 1 и ТВ 24 Вести.

Со миниторингот беа опфатени 13 програмски сервиси – националните комерцијални телевизии Алсат-М, Алфа, Канал 5, Сител, Телма, 24 Вести, 21-М, Шења и Клан Македонија и програмските канали на Јавниот сервис – МРТ1, МРТ2, Собранискиот канал и Првата програма на Македонското радио.

Паралелно со овој мониторинг, Агенцијата вршеше мониторинг и за емитуваното платено политичко рекламирање на 41 телевизија и 48 радија кои во предвидените законски рокови се регистрираа во Државната изборна комисија, чиј извештај ќе биде објавен во рокот предвиден во Изборниот законик.

Извештајот за начинот на известување на радиодифузерите во текот на изборната кампања од 27 септември до 15 октомври 2021 е достапен на ОВОЈ ЛИНК.

реклама

Што ќе им донесе сезоната на Бикот на сите хороскопски знаци од 19 април до 20 мај?

Read more

Зошто треба прво да се испржи меленото месо, па потоа да се додаде кромид?

Read more

Зошто Александар Македонски не го нападнал Рим туку одел само на исток?

Read more

Најнеобичните цвеќиња што може да се видат на Земјата

Read more

Македонија

Апасиев од Титов Велес: Сиромашниот Албанец ни е поблизок од Кочо Анѓушев

Read more

Во вторник предизборен молк, до тогаш продолжува презентацијата на изборните програми

Read more

Пендаровски: Понудата на Мицкоски за коалицирање е знак на слабост

Read more

Викендов променливо облачно со локален дожд

Read more
 

Вести

  • play_arrow

Апасиев од Титов Велес: Сиромашниот Албанец ни е поблизок од Кочо Анѓушев

Читај повеќе

Во вторник предизборен молк, до тогаш продолжува презентацијата на изборните програми

Читај повеќе

Пендаровски: Понудата на Мицкоски за коалицирање е знак на слабост

Читај повеќе
  • play_arrow

Силно невреме со поплави во Грција, Волос без струја

Читај повеќе

Големи експлозии во база на проиранската милиција во Ирак

Читај повеќе

Викендов променливо облачно со локален дожд

Читај повеќе

Филмот на Цветановски со награда за најдобар филм во Калифорнија

Читај повеќе

Посебен сообраќаен режим викендов во Скопје поради предизборни митинзи

Читај повеќе

Македонката Светлана Мојсов меѓу 100-те највлијателни личности во светот според магазинот Time

Читај повеќе