Англиските медиуми беа доста критични по тешкиот пресврт преку кој Тотенхем го елиминираше освојувачот на Купот и Суперкупот на Бугарија – Локомотив во Пловдив во второто квалификациско коло од Лига Европа.
„Тотенхем преживеа кошмар. Беше на неколку минути од елиминацијата во второто квалификациско коло од Лига Европа“, пишува BBC.
„На 19 минути пред крајот, Тотенхем веќе гледаше во бездната, но Хари Кејн и Танги Ндомбеле го спасија Жозе Мурињо да не се посрами“, додаде Daily Mail.
Miror додаде: „Тотенхем беше на работ на еден од најсрамните порази во нивната понова историја“.