Заменик-претседателот на Советот за безбедност, Дмитриј Медведев, повика да се запамтат, како што рече, „злосторничките апели од Западот“ да ѝ се дозволи на Украина да ја нападне Русија, и Москва да подготви одмазда.
Медведев на Telegram го привлече вниманието на изјавите на западните претставници, пишуваат локални медиуми.
„Очигледно е дека и сега на Запад нема ограничувања за извршување на такви напади. Мораме детално да се подготвиме за да ги одбиеме. Но, сакам да кажам нешто друго: треба да се потсетиме на злосторничките апели на одредени западни суштества и да се подготвиме за одмазда. Во историјата има многубројни примери кога подоцна доаѓа одмаздата“, истакна тој.
Според Медведев, таквите операции секогаш се внимателно планирани.
„Овде главната работа е неизбежноста. Не е толку важно кога точно ќе стигне казната. Важно е дека тоа е неизбежно. Дека секој ништожник, без разлика на вера, нација, позиција, кој извршил злосторства против нашата земја и нашиот народ или кој вика ‘убијте ги цивилите во Курск’, знае дека ќе дојдеме по него“, вели Медведев.