Медведев: Ќе изградиме отворена Евроазија - од Лисабон до Владивосток

Еден од најблиските сојузници на Владимир Путин, поранешниот руски претседател Дмитриј Медведев, на Telegram објави која е крајната цел на Москва.

Медведев ги повтори нашироко отфрлените тврдења на Кремљ за „нацистичките симпатизери во Украина“, велејќи дека „страстен дел од Украинците се молат за Третиот рајх во последните 30 години“.

Во склад со реториката на Кремљ, Медведев продолжува да ја доведува во прашање Украина како независна земја, наведувајќи ја „псевдо-историјата на украинската државност“.

На крајот се вели дека крајната цел на Москва во конфликтот е „да изгради отворена Евроазија – од Лисабон до Владивосток“.

URL

Претходно, европските лидери разговараа за идејата за слободна трговска зона која се протега од португалскиот главен град, најзападниот во Европа, и Владивосток, рускиот град на Далечниот Исток каде завршува Транссибирската железница. Сепак, ваквите изјави на толку близок соработник на Путин веќе се оценети како причина за вознемиреност кај оние кои сметаат дека Москва има империјалистички амбиции надвор од Украина.

Медведев претходно рече дека тврдењата дека руските сили егзекутирале цивили во Буча се лаги и пропаганда на Украина и Западот и дека тие имаат за цел да ја дискредитираат Русија.

„Тоа се лаги кои созреаја во циничната имагинација на украинската пропаганда“, рече Медведев. „Тие лаги се измислени за огромни суми пари“, заклучи тој.

реклама

Свет

Северот на Европа е под силен руски притисок, истокот крвари, а една земја плаќа висока цена

Read more

Моќната сестра на Ким Џонг Ун: Ќе изградиме супериорна воена сила

Read more

Наркобос сакал да ја убие холандската принцеза, побегна поради грешка на шпанскиот суд

Read more

Мелони ќе дозволи „поддржувачите на мајчинството“ да ги одвраќаат жените од абортус во клиниките

Read more
 

Вести

Јакимовски призна пораз, ѝ честиташе водство на Сиљановска и ѝ поска среќа во вториот круг

Читај повеќе

Ванковска: Необично е да гласаш за себе, но со тоа ја изразив убеденоста во она што го говорам

Читај повеќе

Силјановска Давкова: Дојде време, дојде час, да си замине оваа власт

Читај повеќе

Одзивот до 19 часот е 48,44 отсто, во Новаци на гласање излегле рекордни 71,07 отсто од гласачите

Читај повеќе

Муцунски: Овој изборен ден е почеток на крајот на оваа власт

Читај повеќе

Левица: Проблеми со фингерпринтот во Куманово, Ѓорче Петров, Аеродром, доцнење на гласачкиот процес и нерегуларности во избирачкиот список

Читај повеќе

Европски фронт: Очекуваме голема, историска победа, тоа го потврдуваат информациите од терен

Читај повеќе

Две лица од Скопје го искинале гласачкото ливче, неколкумина го фотографирале

Читај повеќе
  • filter

Максим Димитриевски: Народот одлучува за иднината на Македонија

Читај повеќе