Медведев: Нема да го забраниме YouTube во Русија

Москва, 6 декември 2019 (МИА) – Нема планови да се забрани YouTube во Русија, рече рускиот премиер Дмитриј Медведев во годишното интервју со 20 руски телевизии.

- Никој не планира да забрани ништо, а YouTube ќе продолжи да работи како и досега. Оние што заработуваат пари на YouTube сепак ќе можат да го сторат тоа, иако не зависи од вас, туку од политиката на YouTube, рече Медведев, одговарајќи на прашање од блогерот Анастасија Мејева.

Коментирајќи ги забраните на интернет, рускиот премиер објасни дека тие не се ефикасни, дека се лесни за заобиколување и дека таканаречениот закон за суверен интернет (Рунет) не е насочен кон забрани.

– Предлог-законот има друга намена – да не нè исклучува од интернет ако му се случи на некого. Кога започнаа несогласувањата со Американците, сериозно се разгледуваше прашањето за наше исклучување од системот за верификација на плаќањата. Тоа е она што се нарекува низок удар, всушност, прогласување војна. Сепак, за тоа се зборуваше, рече Медведев.

– Тогаш, зошто да не ја исклучиме славината што е поврзана на интернет? Не сме сигурни дека во одреден момент нема да нè исклучи, рече Медведев, истакнувајќи дека голем број на функции поврзани со интернет се изведуваат во САД.

Русија усвои Закон за суверен интернет, т.н. „Рунет“, што стапи во сила на 1 ноември со цел да се заштити одржливото работење на интернетот во случај на закани по неговото функционирање од странство.

реклама

Од 25 април почнува финансискиот успех за еден хороскопски знак

Read more

Димитриевски до Пендаровски: Разликата е огромна, откажете се од оваа битка и оставете нè да победиме во вториот круг

Read more

740.000 случаи на рак годишно се поврзуваат со една навика

Read more

Заврши ретрограден Меркур: Детален хороскоп за сите знаци, 2 ќе бидат најсреќни

Read more

Интернет

Илон Маск му се намерачи на YouTube

Read more

Threads надмина 150 милиони активни месечни корисници

Read more

Grindr во центарот на скандал: Споделувале ХИВ статус на корисниците

Read more

Дали Стив Џобс е заслужен за создавањето на TikTok?

Read more
 

Гик

Win-win-win за рециклирањето во Холандија

Читај повеќе

Бајден потпиша: Крај на TikTok во САД!?

Читај повеќе

Илон Маск му се намерачи на YouTube

Читај повеќе

Новото ажурирање Windows 11 „кине нерви“: Како да го решите?

Читај повеќе

Threads надмина 150 милиони активни месечни корисници

Читај повеќе

Дали треба да ги бараме вонземјаните на виолетови планети?

Читај повеќе
  • play_arrow

Откриено тајно brutality за Mortal Kombat 1

Читај повеќе

Poetry Camera ги претвора фотографиите во поезија

Читај повеќе

Три популарни теории за тоа како почнал животот на Земјата

Читај повеќе