Медведев: Санкциите кон Русија ќе доведат до низа кризи и судири во светот

Заменик претседателот на Советот за безбедност на Руската Федерација, Дмитриј Медведев, во текст насловен „Петок 13. Што ќе биде понатаму или Светот по антируските санкции (воопшто не е прогноза)“ наведува дека следат низи кризи и судири и уривање на идејата за свет фокусиран на Америка.

Поранешниот руски претседател и близок сојузник на актуелниот шеф на руската држава посочува дека поради санкциите кон Москва ќе има енергетски, логистички, прехранбени и други кризи во светот.

– Како резултат на тоа, ќе се создаде нова безбедносна архитектура во која постојните реалности ќе бидат де факто, а потоа де јуре ќе се препознаваат: а) слабоста на западните концепти за меѓународните односи како што се „редот заснован на правила“ и друго бесмислено западно ѓубре, б) колапс на американско-центричниот свет; в) присуство на интереси кои ги почитува светската заедница во оние земји кои се во акутна фаза на конфликт со западниот свет, истакна Медведев.

Тој потенцира дека санкциите кон Русија ќе доведат до уништување на многу глобални синџири на снабдување и оти е можна голема логистичка криза, вклучително и колапс на странски авиокомпании, на кои им беше забрането да летаат над руска територија. Тој исто така предвидува и енергетската криза.

– Цената на фосилните горива ќе продолжи да расте, а развојот на дигиталната економија во светот ќе забави, посочува Медведев.

Според него санкциите ќе имаат негативно влијание и врз глобалниот финансиски состав, што ќе резултира со евентуална монетарна и финансиска криза и галопирачка инфлација.

Медведев наведува дека следат и нови регионални воени судири, а терористите ќе бидат се поактивни бидејќи западните власти се насочени кон пресметка со Русија.

Најверојатно ќе има и нови епидемии предизвикани од одбивањето на фер меѓународна соработка во санитарната и епидемиолошката сфера или директните последици од употребата на биолошко оружје, посочува Медведев.

Тој заклучува дека „ќе се создадат нови меѓународни сојузи помеѓу земјите засновани на прагматични, а не идеолошки англосаксонски критериуми“. 

реклама

Од 25 април почнува финансискиот успех за еден хороскопски знак

Read more

740.000 случаи на рак годишно се поврзуваат со една навика

Read more

Димитриевски до Пендаровски: Разликата е огромна, откажете се од оваа битка и оставете нè да победиме во вториот круг

Read more

Заврши ретрограден Меркур: Детален хороскоп за сите знаци, 2 ќе бидат најсреќни

Read more

Свет

Приходите на Русија од нафта и гас се речиси двојно зголемени

Read more

Над 100 кг кокаин пронајдени меѓу банани во супермаркети во Германија

Read more

Лукашенко: Украина набргу ќе престане да постои ако не се согласи на преговори

Read more

Москва: Американското нуклеарно оружје во Полска ќе биде примарна цел

Read more
 

Вести

Османи победи во Торонто

Читај повеќе

Ганиу до Груби: Терапијата ти ја препишува д-р Арбен, ќе ја примиш на 8 мај

Читај повеќе

Приходите на Русија од нафта и гас се речиси двојно зголемени

Читај повеќе
  • filter

Во прв круг за претседател е избран само Глигоров со 715.087 гласа, Силјановска и Пендаровски по вторпат во втор круг

Читај повеќе

Над 100 кг кокаин пронајдени меѓу банани во супермаркети во Германија

Читај повеќе

Лукашенко: Украина набргу ќе престане да постои ако не се согласи на преговори

Читај повеќе

Муцунски: Вчера се случи почетокот на крајот на власта на СДС и ДУИ

Читај повеќе
  • play_arrow

Москва: Американското нуклеарно оружје во Полска ќе биде примарна цел

Читај повеќе

Таткото на Вања ќе оди во куќен притвор, Врховниот суд му ја уважи жалбата

Читај повеќе