
Поранешниот руски претседател Дмитриј Медведев изјави вчера дека секој упад на полуостровот Крим од страна на земја членка на НАТО може да претставува објава на војна на Русија, што може да доведе до трета светска војна.
За нас Крим е дел од Русија. И тоа значи засекогаш. Секој обид за инвазија на Крим е објава на војна на нашата земја“, изјави Медведев за веб-страницата на весникот Argumenty i Fakty.
„А ако една земја-членка на НАТО го прави тоа, тоа значи конфликт со целата Северноатлантска алијанса. Трета светска војна. Целосна катастрофа“, рече Медведев, сега заменик-претседател на Советот за безбедност на Русија.
Тој исто така рече дека доколку Финска и Шведска се приклучат на НАТО, тие ќе ги зајакнат своите граници и ќе бидат „подготвени за одмазда“, а тоа би можело да ја вклучи можноста за поставување хиперсонични ракети Искандер на „нивниот праг“.