Мег Рајан - Што се случи со омилената актерка од романтичните комедии?

Илјадници филмски фанови ја обожаваа, а денес е речиси непрепознатлива поради бројните пластични операции.

Мег Рајан се катапултираше во светот на холивудскиот гламур благодарение на улогите во романтичните комедии како „French Kiss“, „Kate & Leopold“, „You've Got Mail“ и други.

Ја обожаваа поради нејзината спонтаност, едноставност и допадливост. Беше пример за “девојката од соседството“ и публиката не можеше да замисли романтична комедија во 90-тите без неа. Таа беше новата миленичка на публиката во 90-тите како што беше Голди Хоун во 80-тите.

Со нејзината кратка, брановидна руса коса што стана апсолутен хит во средината и крајот на 90-тите, таа беше олицетворение на американската убавица на тоа време.

Одеднаш Мег Рајан ја снема, бидејќи знаеше колку Холивуд може да биде суров кон жените кога ќе ја надминат возраста за глумење 20-годишни убавици во романтични комедии.

„Направи премногу естетски зафати. Тоа беше шок за луѓето бидејќи веќе не личеше на онаа Мег Рајан во која се заљубивме“, рече Џејмс Манголд, режисер на филмот „Кate & Leopold“.

Сѐ почна со филер за усни, но за жал, Рајан не застана таму.

„Веќе не беа само усните. Носот ѝ е поинаков, јаболчниците... ботоксот е повеќе од очигледен. Луѓето не сфаќаат дека постои и зависност од пластична хирургија. Таа не е единствениот пример. Таквото однесување најчесто е обид на таа личност хируршки да се реши од некое лично незадоволство во животот“, вели пластичниот хирург Марк Роберт.

Кариерата ѝ пропадна во целосен мрак и Рајан во 2006 година се одлучи да посвои девојче од Кина. Таа веќе имаше син што го доби во бракот со Денис Квејд во 1992 година и актерката се фокусираше на воспитување на децата.

Кога сфати дека веќе нема да добива улоги бидејќи направи премногу пластични операции, се посвети на кариера зад камерата како продуцент и режисер.

реклама

Зошто треба прво да се испржи меленото месо, па потоа да се додаде кромид?

Read more

5 хороскопски знаци кои се родени за да се збогатат во животот

Read more

Како изгледал етничкиот состав на цела Македонија во 1905 година?

Read more

Што се случува во телото ако го одложувате мокрењето?

Read more

Филм & ТВ

Роберт де Ниро откри кои му се најомилените актери на сите времиња

Read more

Зошто Кевин Костнер одби да му даде улога на Крис Хемсворт во својот филм?

Read more

Хенри Кавил ќе стане татко – чекаат бебе со девојката Натали

Read more

Пластичен хирург откри какви зафати направила Анџелина Џоли

Read more
 

Сцена

Роберт де Ниро откри кои му се најомилените актери на сите времиња

Читај повеќе

Зошто Кевин Костнер одби да му даде улога на Крис Хемсворт во својот филм?

Читај повеќе

Хенри Кавил ќе стане татко – чекаат бебе со девојката Натали

Читај повеќе
  • play_arrow

Сила и Нервоза е насловот на новиот заеднички сингл на Суперхикс и Фолтин

Читај повеќе
  • play_arrow

Пластичен хирург откри какви зафати направила Анџелина Џоли

Читај повеќе

Реквизитерката на Rust осудена на 18 месеци затвор за смртта на снимателката

Читај повеќе

Топ 10 најпиратирани филмови на неделата

Читај повеќе

Анистон изненади со изгледот на насловна: Како толку се подмлади?

Читај повеќе
  • play_arrow
  • filter

Скарлет Јохансон и Ченинг Тејтум ве носат на Месечината во филм за настанот од 1969

Читај повеќе