Мега „трампа“ на Академија Пандев и Шкендија: Дориев за Радески

Двата македонски прволигаши си разменија два одлични фудбалери правејќи го домашниот преоден рок интересен.

Сепак, не станува збор за договорена трампа на Академија Пандев и Шкендија бидејќи Марјан Радески во Струмица доаѓа како слободен играч за разлика од Љупчо Дориев за кој тетовчани го одврзаа кесето.

Радески во 2015 како мега талент направи трансфер во Шкендија за дури 150 илјади евра од редовите на Металург. Во последно време заглави со формата во тетовскиот тим, го мачеа и повреди, од стандарден стана повремен репрезентативец, па новата авантура ќе биде одлична можност за 25-годишното крило да си ја рестратира кариерата.

Љупчо Дориев, пак, е дете на Академија Пандев и во Шкендија се сели за 70 илјади евра. Генерација е со Радески со тоа што 25-тиот роденден ќе го прослави во септември. И тој е крилен играч, иако често пати игра и како треквартиста.

Она што многумина љубители на македонскиот фидбал ги разочара е тоа што и двајцата се решија кариерите да ги продолжат во Македонија. На нивна возраст, ова се чини беше последната шанса да го издинат нивното ниво ранг погоре со трансфер во поквалитетна лига, знаејќи го (не)квалитетот на македонската лига каде простор за напредок повеќе нема бидејќи и двајцата веќе го имаат достигнато максимумот.

реклама

Што ќе им донесе сезоната на Бикот на сите хороскопски знаци од 19 април до 20 мај?

Read more

Зошто треба прво да се испржи меленото месо, па потоа да се додаде кромид?

Read more

Вештачка интелигенција управуваше борбен авион против човечки пилот

Read more

Богати до небо: Колку заработува автомобилската индустрија?

Read more

Фудбал

Манчестер Сити пред мегатрансфер – тргна по еден од најскапите во светот

Read more

Баерн извиси

Read more

Познати полуфиналните двојки од Европската и Конференциската лига, кошмарна сезона за Англичаните

Read more

Зошто Пеп ги извади најдобрите изведувачи на пенали во продолженијата?

Read more
 

Спорт

Манчестер Сити пред мегатрансфер – тргна по еден од најскапите во светот

Читај повеќе

Баерн извиси

Читај повеќе

Познати полуфиналните двојки од Европската и Конференциската лига, кошмарна сезона за Англичаните

Читај повеќе

Зошто Пеп ги извади најдобрите изведувачи на пенали во продолженијата?

Читај повеќе

Де Роси ќе остане тренер на Рома и во следната сезона

Читај повеќе

Двајца играчи на Реал побарале да не шутираат пенал, едниот се плашел од Едерсон

Читај повеќе

ФФМ и федерациите од регионот му дадоа безусловна поддршка на Чеферин

Читај повеќе

Откриено зошто Денвер го избрал Јокиќ наместо Нуркиќ во 2017

Читај повеќе

Роналдо го сотре бившиот клуб

Читај повеќе