Американската актерка Меган Фокс го остави нејзиниот сопруг, актерот Брајан Остин Грин, со кој има 3 деца.
Актерот со емотивна изјава откри дека се разведува од Меган и истакна дека таа го оставила него.
Тие често биле разделени поради актерските ангажмани.
Минатата есен Меган била отсутна поради снимање на филм, но откако се вратила ништо повеќе не било исто како порано, при што одлучила да се разведе од нејзиниот сопруг.
Меган и Брајан се заедно од 2004 година, а започнале љубовна врска кога Меган имала само 18 години, а тој 30.