Меган Маркл не се откажува

Меган Маркл поднесе приговор до телевизијата ITV поради изјавата на поранешниот водител Пирс Морган, кој отворено кажа дека не верува во ниту еден збор од нејзиното интервју, сметајќи дека ваквите изјави влијаат негативно на луѓето со ментални проблеми.

ITV во вторник објави дека Морган ќе повлече од шоуто Good Morning Britain затоа што беше нападнат од јавноста поради коментарите за Меган Маркл.

Читајте следно: Се огласи и Пирс Морган, најголемиот хејтер на Меган Маркл

„По разговорите со ITV, Пирс Морган заклучи дека е време да ја напушти Good Morning Britain“, објавија од телевизијата наведувајќи дека ја прифатиле таа одлука и дека нема што да додадат.

Според CNN, приговорот на Меган Маркл се однесува на влијанието на коментарите на Морган врз другите луѓе, односно дека ова ќе ја намали важноста на менталното здравје.

Коментарите на Морган предизвикаа остри реакции во британската јавност и осуда од британската организација за ментално здравје „Mind“.

Сепак, Морган не се откажува од неговото тврдење дека не верува во она што Меган Маркл го кажа во интервјуто.

„Реков во понеделникот дека не верувам во ниту еден збор што го кажа Меган Маркл во интервјуто кај Опра. Имав време да размислам за ова мислење, и сè уште не верувам во тоа. Ако ми верувате, добро. Јас сум подготвен да умрам за слободата на говор. Ви благодарам за целата љубов и омраза. Одам да поминам повеќе време со моите мислења“, напиша тој на Twitter.

реклама

Салатата од компири ќе биде повкусна ако додадете една едноставна состојка

Read more

УЈП затвори 25 објекти поради неиздавање фискални сметки

Read more

Што се случува со црниот дроб кога пиете кафе секој ден?

Read more

Роверот Perseverance испрати ново селфи од Марс

Read more

Живот

Работи што треба да ги знаете ако пиете кафе веднаш по будењето

Read more

Карактерот, средината и моќта на вистинските тимови

Read more

Како модерниот дизајн ја избриша топлината од работите што нè опкружуваат?

Read more

Навики што родителите треба да ги воведат во утринската рутина на децата

Read more
 

Магазин

Како оризовите крекери влијаат на шеќерот во крвта?

Читај повеќе

Што се случува со црниот дроб кога пиете кафе секој ден?

Читај повеќе

Немате време за вежбање? Само 5 минути активност можат да ви бидат од корист за здравјето

Читај повеќе

Салатата од компири ќе биде повкусна ако додадете една едноставна состојка

Читај повеќе

Работи што треба да ги знаете ако пиете кафе веднаш по будењето

Читај повеќе

Карактерот, средината и моќта на вистинските тимови

Читај повеќе
  • filter

Како модерниот дизајн ја избриша топлината од работите што нè опкружуваат?

Читај повеќе

Навики што родителите треба да ги воведат во утринската рутина на децата

Читај повеќе

Која разлика во годините на партнерите е најдобра за преживување тешкотии во бракот?

Читај повеќе