Филм & ТВ

Меган Маркл сакала да стане актерка поради Џулија Робертс

6. декември 2018 - 11:51 | А.С.

Џулија Робертс е една од најпознатите актерки во светот и беше икона на романитичните филмови во 90-тите.

Токму нејзината кариера била инспирација за војвотката од Сасекс Меган Маркл да почне да се занимава со актерство.

Пред да се омажи за британскиот принц Хари, Меган за списанието Glamour направи листа на жени кои имале позитивно влијание на нејзиниот живот, а меѓу нив ги наброи мајка ѝ Дориа Рагланд и познатата актерка.

„Таа беше првата личност што ја видов на екран и се сеќавам дека помислив: ‘Ова е толку забавно, сакам да се занимавам со ова’. Кога бев помлада, некој дури и ми рече дека личам на неа во профил и тоа е најдобриот комплимент што сум го добила“, изјави тогаш Меган.

Новинарите на People ѝ ја прочитаа изјавата на Меган на Џулија Робертс на премиерата на филмот „Ben is Back“ завчера, и актерката беше одушевена.

„Вечерта ми беше одлична, но сега дополнително ми ја разубавивте“, изјави актерката која на премиерата заблеска во фустан со точки и елегантен бел капут.

На Џулија може да ѝ се заблагодари и принцот Хари бидејќи ако не била таа, Меган немало да стане актерка и немало да се запознаат.

Коментирај