Свет

Меѓу жртвите во Барселона има државјани од 18 земји

18. август 2017 - 12:16 | Б.С.Б.

Во терористичкиот напад во Барселона, Шпанија меѓу повредените и загинатите има државјани од најмалку 18 земји. Најмладата жртва е тригодишно девојче.

Меѓу нив има државјани на Франција, Германија, Холандија, Аргентина, Шпанија, Венецуела, Белгија, Австралија, Унгарија, Македонија, Перу, Романија, Ирска, Куба, Грција, Кина, Италија и Алжир.

Одговорноста за нападот претходно ја презеде Исламска држава. Сведоците на настанот опишуваат глетки на хаос и паника, со тела кои останале да лежат во зоната за пешаци.

Коментирај