Меѓународниот ден на жената и Г- точката

Навидум два комплетно неспоиви поими Меѓународниот ден на жената и Г-точката (кај жените). Сепак, имаат едно заеднично НЗС, а тоа е се разбира жената.

Денеска е 8 Март, оној празник на кој сите каранфилчиња ги подарувавме на сите наставнички и оној празник на кој што како дете морав да им се јавам на сите баби, тетки, стрини да им го честитам, без многу објаснување туку онака, ради реда. Дома бевме комплетно женско семејство (и мачката ни беше женка) и искрено ко за нас, секогаш наоѓавме начин да си го прославиме денот. Без многу објаснување, само знаев дека е Денот на жената, иако во училиште ни викаа дека е денот на мајката (која океј, е и жена воедно). Сега веќе имам комплетно друга претстава за празникот - тоа е денот кога треба да се славиме што сме жени, па макар и тоа било со протест, шопинг или одење во кафана (не за време на пандемија, ама океј). На овој ден ги славиме жените кои се избориле за оние права кои ги имаме сега, и ја продолжуваме таа традиција со тоа што се бориме ние за нашите понатамошни права и слободи. Па ајде да почнеме од малите нешта - ајде да се избориме за некое наше лично мало право?

Тука се спојуваме со вториот поим- Г-точката. Што ако овој 8 Март го посветиме на себеси (нели, рековме кафански дешавки не се многу добра идеја) и го поминеме доста low key? Што ако овој 8 Март се избориме за правото на нашето задоволство? Што ако овој 8 Март дадеме предизвик да ни ја најдат Г-точката повеќе пати? Мене тоа ми звучи интересно, искрено.

Пред некој месец прочитав некои истражувања дека всушност не сме сигурни дали Г-точката навистина постои кај жените[1]. Но, фините (женски) научници решиле да не го побијат тој поим и да ја остават точката како таква, бидејќи има жени кои ја имаат „најдено“ и лесно уживаат во нејзините придобивки. Но што ако не сте една од тие жени? Може анатомијата не ви е наклонета да таа точка е лесно достапна, или може не сте сосема компатибилни со партнерот и може едноставно да не можете да доживеете оргазам само со пенетрација. Не сте единствена. Според некои истражувања[2] дури 75% од жените не можат да постигнат оргазам на тој начин. Што значи не само што не сте единствена, туку може да сте во мнозинството. Тогаш, ајде да го посветиме овој празник на наоѓање нови начини да стигнете до вашето задоволство (реално, за ова не ни треба празник, ама зошто да не?).

Ако партнерот ве праша што сакате за празникот, кажете му само дека сакате орален секс. Директно, едноставно и се сомневам дека ќе ве одбие ако му настапите така самоуверено. На овој начин е полесно да се доживее оргазам од женска страна, а ако е успешен во тоа, може и да му ја вратите „услугата“. Доколку и тоа не ви помогнало досега (иако повторувањето е мајка на знаењето, или во случајов, на задоволството), побарајте му додека сте во самиот чин со едната рака да ве стимулира од предната страна. Можеби можете да постигнете оргазам само во една поза, па за 8 Март побарајте си ја таа? Или, ако сакате да експериментирате малку повеќе, побарајте си некоја интимна играчка за празникот, па најдете начин како да ја користите и кога сте заедно.

Верувам дека самата сексуална револуција е огромен дел од еманципацијата на жената. Точно дека таа не се состои само од стигнување до врвот на задоволството (таа вклучува и право за заштитен секс, право на незлоупотреба од страна на партнерот и слично), но во случајов сакав да зборуваме за аспектот на тоа како да се почестиме овој празник. Не мора да одите на протест, ако не ви личи како да е нешто за вас, но би ве охрабрила и да не се задоволувате само со едно цвеќенце, еден ден во годината. Побарајте си го вашето задоволство, бидејќи имате неспорно право над тоа. И не само за 8 Март, туку секој ден од годината.  

 

[2] https://www.psychologytoday.com/us/blog/all-about-sex/200903/the-most-important-sexual-statistic

*Името на авторката на текстот ѝ е познато на Редакцијата на Kajgana.com

реклама

Зошто треба прво да се испржи меленото месо, па потоа да се додаде кромид?

Read more

Израел го нападна Иран, пристигна првото видео

Read more

Како изгледал етничкиот состав на цела Македонија во 1905 година?

Read more

5 хороскопски знаци кои се родени за да се збогатат во животот

Read more

Љубов и секс

Психолог предупредува на 6 збора што може да ја уништат врската

Read more

Дали сексот во врска навистина е подобар?

Read more

Венера во Овен до 29 април: 4 хороскопски знаци ќе доживеат големи промени во љубовта

Read more

Дали го знаете правилото 7-7-7? Може да го спаси бракот!

Read more
 

Магазин

Рецепт на денот: Ароматично пилешко со зеленчук и рузмарин

Читај повеќе

Што ќе им донесе сезоната на Бикот на сите хороскопски знаци од 19 април до 20 мај?

Читај повеќе
  • play_arrow

Најнеобичните цвеќиња што може да се видат на Земјата

Читај повеќе

Три причини зошто вежбањето со тегови е клучно за слабеење

Читај повеќе

Психолог предупредува на 6 збора што може да ја уништат врската

Читај повеќе

Натпреварувачка во „Милионер“ запна на прашање за Адам и Ева

Читај повеќе

Се разбудивте уморни? Овие намирници ќе ве наполнат со енергија

Читај повеќе

5 хороскопски знаци кои се родени за да се збогатат во животот

Читај повеќе

Дали сексот во врска навистина е подобар?

Читај повеќе