Меј до пратениците: Гласајте за Договорот или можно е да нема Брегзит

Лондон, 12 март 2019 (МИА) – Британската премиерка Тереза Меј вечерва ги повика пратениците во Долниот дом на Парламентот во Лондон да гласаат за Договорот за Брегзит што нејзината Влада го постигна со Брисел, нагласувајќи дека во спротивно можно е Велика Британија да остане во ЕУ.

Во обраќањето пред Парламентот во пресрет на вечерашното гласање за Договорот, Меј побара пратениците „да ја стават демократијата пред партиските поделби или личните амбиции“.

Ваквиот апел на Меј доаѓа во услови кога се очекува дел од евроскептиците во редовите на нејзината Конзервативна партија да гласаат против Догвоорот и откако лидерот на опозициските лабуристи Џереми Корбин најави дека неговата партија не го поддржува договорениот текст за Брегзит.

– Работата е јасна. Оние кои сакаат да дојде до Брегзит, мислам дека треба да знаат дека ако вечерва не го усвоиме овој Договор, ризикуваме Брегзитот воопшто да не се случи, истакна Меј.

Главен спорна точка во Договорот за дел од британските пратеници е одредбата за „ирската граница“, која предвидува статусот на границата меѓу членката на ЕУ, Република Ирска и британската покраина Северна Ирска да остане ист каков што е сега и за време на преодниот период по Брегзит, што би требало да трае до крајот на 2020 година, во кој треба да се најде конечно решение, односно таканаречениот „бекстоп“.

Бекстопот е заштитна мерка за „ирската граница“ преку која треба да се избегне враќање на тврдата граница на ирскиот остров. Со оглед на тоа дека ЕУ и Велика Британија не можат да преговараат за идното трговско партнерство додека не се усвои Договорот за британското истапување од ЕУ, двете страни се договорија да воведат „бекстоп“, кој може да биде активиран доколку двете страни во иднина не се договорат за трговските односи. Целта на овој механизам е да се заштити заедничкиот пазар на ЕУ и царинската унија, без притоа да мора да се воведе физичка граница меѓу Република Ирска и Северна Ирска.

Тврдокорните приврзаници на Брегзитот, пред се во редовите на Конзервативната партија на Меј, не се согласуваат со ваквата одредба во Договорот, бидејќи стравуваат дека со тоа Велика Британија би можела да остане „врзана за ЕУ, можеби и на неопределено време“.

Во пресрет на денешното гласање, Меј синоќа во разговор со претседателот на Европската комисија Жан-Клод Јункер успеа да обезбеди „правно обврзувачки“ промени во Договор за Брегзит, кои предвидуваат заштитен механизам за „ирската граница“.

Под притисок на членови на нејзината Влада, Меј се согласи во случај Парламентот по вторпат да го отфрли Договорот, пратениците утре да се изјаснат за можноста за Брегзит без договор, а доколку го одбијат и тоа, в четврток да гласаат за евентално одлагање на британското напуштање на Унијата, предвидено за 29 март. 

реклама

Зошто треба прво да се испржи меленото месо, па потоа да се додаде кромид?

Read more

5 хороскопски знаци кои се родени за да се збогатат во животот

Read more

Израел го нападна Иран, пристигна првото видео

Read more

Како изгледал етничкиот состав на цела Македонија во 1905 година?

Read more

Свет

ЕУ смета дека Кина ја снабдува Русија со делови за производство на оружје

Read more

САД ставија вето на приемот на Палестина во ОН

Read more

Израел го нападна Иран, пристигна првото видео

Read more

Новинарска фотографија на годината: Не сакаше да го пушти телото на девојчето

Read more
 

Вести

ЕУ смета дека Кина ја снабдува Русија со делови за производство на оружје

Читај повеќе
  • play_arrow

Мицкоски на чист бугарски јазик му кажа на Борисов дека го поддржува договорот, рече Пендаровски во Виница

Читај повеќе

Tesla отпушта 300 работници во фабриката кај Берлин

Читај повеќе

Променливо облачно и посвежо време, температури до 18°C

Читај повеќе

Ванковска: Ние трчаме маратон, нас не нè задоволува фотелја и позиција, ние имаме кауза

Читај повеќе
  • play_arrow

Мицкоски: „Платформа 1198″ е светилник на надежта, најдобрата изборна програма досега

Читај повеќе

САД ставија вето на приемот на Палестина во ОН

Читај повеќе
  • play_arrow

Израел го нападна Иран, пристигна првото видео

Читај повеќе

Украле сеф од менувачница во Чаир и побегнале со возило без таблички

Читај повеќе