Пензионираниот американски боксер Флојд Мејведер преку неговите профили на социјалните мрежи потврди дека неговата борба против кикбоксерот Теншин Насукава нема да се одржи, бидејќи таа е плод на лажни информации.
Мејведер потпиша договор со Rezin, а раководството на оваа организација веднаш закажа борба помеѓу него и Јапонецот Насукава, но американскиот боксер ги демантираше овие информации и рече дека тој меч не е за целиот свет, туку за одбрана публика.
Тој откри дека луѓето од организацијата му понудиле меч против Насукава, но борбата не требало да се емитува на телевизија и требало да се одржи само пред „многу богати гледачи“. Од приватна борба тоа се претвори во најголемата вест во боречките спортови, а Мејведер уверува дека се работи за недоразбирање.
„Кога пристигнавме на прес-конференцијата, јас и мојот тим бевме изненадени од намерата на организацијата да организира официјална, јавна борба помеѓу мене и Насукава. Требаше да реагираме порано“, вели тој.
Непоразениот американски боксер стигна до бројката од 50 победи во кариерата минатата година, кога во рингот го совлада Конор Мекгрегор, кој се откажа од УФЦ борбите за да влезе во боксерскиот ринг со Мејведер. Со таа борба Мејведер заработи околу 300 милиони долари и реши да стави крај на кариерата тогаш и таму.
„Верувајте дека ниту јас не знаев за што се работи сѐ до прес-конференцијата. Се двоумев дали да ѝ противречам на организацијата и затоа не реков ништо порано. Со должна почит кон Теншин Насукава, но не знаев ни кој е тој пред почетокот на оваа недела“, додава Мејведер.
Обраќајки се преку Instagram, боксерот не објави дали борбата сепак ќе се случи или не. Според она што тој реши да го објави, примарниот договор бил за борба која ќе се одржи на специјална локација и е наменета за ултрабогата публика.
„Ме прашаа дали сакам да учествувам во 9-минутна борба во три рунди против противник одбран од Rizen Fighting Federation“, објаснува Мејведер.