Останати спортови

Мекгрегор и Поарје се препукуваат онлајн, прашање е дали ќе се соочат во октагонот

19. септември 2019 - 14:34 | А.С.

ММА борачот Конор Мекгрегор е непопустлив во неговите критики кон ривалот Дастин Поарје преку коментари на социјалните мрежи, што според некои УФЦ познавачи може да навестува дека Ирецот сака реванш со поранешниот шампион во лесна категорија.

Во неговите најнови Twitter коментари, Мекгрегор го исмеа Поарје објавувајќи фотографија од финишот на УФЦ мечот 178 кога го „реши“ Американецот уште во првата рунда.

Поарје, кој по поразот од Хабиб Нурмагомедов и неуспешниот обид да ја врати титулата побара реванш со Мекгрегор, одговори на провокациите со контра-провокација до поранешниот УФЦ шампион во лесна и перолесна категорија.

И Поарје и Мекгрегор се свесни колкава моќ имаат социјалните мрежи и очигледно ја користат платформата за да испитаат колкава заинтересираност има за нивно евентуално реванш соочување.

И двајцата неодамна навестија дека би сакале во декември да се вратат во октагонот.

„Даблин, 14 декември“, објави Мекгрегор во неделата на Twitter.

Мекгрегор требаше да се соочи со Џастин Гејџи во почетокот на летово, но Ирецот ја повреди левата рака и организацијата на УФЦ се откажа од таа борба.

Коментирај