Живот

Мекгрегор ја мерка јахтата на милијардерот Мељниченко

13. септември 2017 - 18:34 | А.С.

УФЦ шампионот Конор Мекгрегор е одушевен од јахтата „Sailing Yacht A“ на рускиот милијардер Андреј Мељниченко и не го криеше задоволството што ја видел убавицата со свои очи.

Мекгрегор моментално е на Ибица со семејството и пријателите и таму ја забележал јахтата на Андреј и Сандра Мељниченко.

Тој бил толку импресиониран од јахтата што тргнал со бротче и кружел околу „ѕверката“ вредна неколку стотици милиони долари. Во еден момент ги алармирал и членовите на обезбедувањето на милијардерот кои „долетале“ со скутери на вода и го набркале.

„Јахтава вреди 360 милиони долари. Ова ви става до знаење дека на газдата баш му е гајле. Ова е најскапата јахта на светот. Тој е руски милијардер. Изгуглајте, лудница!“, напиша Мекгрегор на Instagram каде објави фотографии од доживувањето.

 

Коментирај